Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 OJO поведе постапка против 43 лица за измами со „брзи кредити“ – меѓу нив и лице од ФЗО
Македонија

OJO поведе постапка против 43 лица за измами со „брзи кредити“ – меѓу нив и лице од ФЗО

10/04/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.

За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.

Во текот на предистражната постапка, обвинителството во координација со МВР-СВР Скопје, обезбеди обемен доказен материјал дека почнувајќи од јули 2022 година, користејќи различни модалитети на извршување, осомничените со умисла вршеле временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исти дела. Притоа користеле исти трајни односи, исти прилики и слични околности, а крајната цел им била да прибават за себе имотна корист.

Така, дел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.

Еден дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи. Во тоа им помагал и осомничениот – службеното лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот.

Ваквите лажни податоци лицата ги користеле за да подигнат и по неколку кредити од различни друштва во еден ден, со што прибавувале значителна имотна корист. Потоа парите ги извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените организатори на вакви измами.

Незаконски прибавената имотна корист од сите вакви дејствија во вкупен обем надминува три милиони денари.

Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за тројца од осомничените опфатени со наредбата за истрага, додека четвртиот веќе се наоѓа во притвор во постапка за друго кривично дело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме

27/02/2026
Македонија

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на

27/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова

27/02/2026
Македонија

ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани

27/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе

26/02/2026
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме напаѓаше, зошто би склучувал пакт

27/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во притвор и добил одговор

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на глупоста на претходната влада, бараме

27/02/2026

Некој од претходната Влада, мекотел, водел таква политика и го донел, народски кажано, слонот во собата, и ние не можеме

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова фаза во односите меѓу Загреб

27/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy