Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер
Македонија

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

14/05/2026

AA

Повеќе од 70  експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

На настанот учествуваат претставници од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, кои преку стручни презентации и дискусии ќе разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот.

Во своето поздраво обраќање, главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека поддршката на вакви професионални и регионални иницијативи е целосно усогласена со долгорочната стратегија на компанијата.

„За ОКТА, поддршката на платформи како овој Симпозиум претставува инвестиција во знаење, соработка и регионално поврзување. Размената на искуства и добри практики помеѓу експертите и институциите од регионот е од исклучително значење за понатамошниот развој на секторот и за обезбедување највисоки стандарди за квалитет и безбедност, во интерес на потрошувачите и економијата. Како компанија ОКТА веќе одамна ја надминува улогата на најголем снабдувач на домашниот пазар и се развива во регионален енергетски центар, а токму нашата поддршка во развојот на ваквите партнерства и професионални мрежи се важен дел од таа визија“, изјави Пасхос.

Од Организацискиот комитет на Симпозиумот беше истакнато дека јубилејното десетто издание претставува потврда за растечкото значење на овој стручен собир во регионот.

„Во изминатите десет години Симпозиумот прерасна во препознатлива регионална платформа за професионална комуникација и соработка помеѓу лабораториите, институциите и компаниите од нафтениот сектор. Во време на сè построги стандарди, технолошки промени и потреба од поголема усогласеност со европските регулативи, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на квалитетот, сигурноста и довербата во целиот синџир на снабдување со горива“, истакна Данијела Јовиќ, претставник на организацискиот комитет на Симпозиумот.

Симпозиумот го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, а преку видео обраќање го поздрави и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Соња Божиновска, која ја нагласи важноста на лабораториите и контролата на квалитетот во енергетскиот сектор, како и потребата од континуирана модернизација, регионална соработка и усогласување со европските стандарди.

Присуството на претставници од Министерството за енергетика, како и видео обраќањето на министерката, претставуваат силна институционална поддршка за улогата на лабораториите во системот за контрола на квалитетот на горивата, но и признание за достигнувањата на Симпозиумот и неговиот потенцијал да прерасне во уште поширока регионална и меѓународна платформа за размена на искуства и експертиза.

Во рамки на Симпозиумот беше потенцирана и важноста на модернизацијата и дигитализацијата на лабораториските капацитети, како предуслов за поголема точност, доверливост и усогласеност со највисоките европски и меѓународни стандарди. Во тој контекст беше истакнат примерот на ОКТА, која во изминатиот период изврши модернизација и дигитализација на опремата за тестирање во својата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата, со што таа го задржа својот статус на една од најсовремените капацитети од ваков тип во регионот. Лабораторијата на ОКТА е прва акредитирана лабораторија од ваков тип во земјата и функционира согласно највисоките европски и американски стандарди, обезбедувајќи контрола и анализи не само за потребите на компанијата, туку и за други увозници, институции и компании од земјата и регионот.

Учесниците на Симпозиумот нагласија дека иднината на секторот ќе зависи од уште поголема регионална соработка, размена на знаење, воведување нови технологии и постојано унапредување на системите за контрола и мониторинг на квалитетот на горивата, во интерес на потрошувачите, индустријата и животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јакимовски пред Општина Карпош: Бара проверка на боледувањето на Лукровски

07/06/2026
Македонија

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до

07/06/2026
Македонија

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026
Македонија

Трагедија во Кучково: Маж пронајден мртов под автомобил

07/06/2026
Македонија

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да

07/06/2026
Македонија

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

07/06/2026
Македонија

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и

07/06/2026
Македонија

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се

07/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43642
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јакимовски пред Општина Карпош: Бара проверка на боледувањето на Лукровски

07/06/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска се појави пред општинската зграда, од каде што објави видео на социјалните

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до граѓаните

07/06/2026

Во наредните три месеци, скопјани чии домови се загреваат на парно ќе добиваат пониски сметки. Првата фактура од редовното годишно

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026

На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy