Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Охрид добива казино, на истата локација бизнис отвора и Кичеец
Економија

Охрид добива казино, на истата локација бизнис отвора и Кичеец

21/08/2024

AA

Австриската компанија за игри на среќа „Макотен“ ќе отвора уште едно казино под брендот „Фламинго“ – овој пат во Охрид во комплекс хотел Голден Бич. Со тоа Охрид ќе го добие своето прво „оригинално“ казино, затоа што досегашните беа исклучиво електронски.

Комплексот Парк Голден Бич се наоѓа на најлуксузната локација во близина на Охрид, а во негови рамки е и хотелот Голден Вју. Инаку досега казината „Фламинго“ ги имаше на граничниот премин Богородица и во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад. „Макотен“ уште од почетокот на летото во Охрид отвори школа за дилери, а преку огласи бараше и хостеси, рецепционери, келнери, хигиеничари и друг потребен кадар.

На истата адреса каде што ќе има казино, свои активности подготвува и контроверзниот бизнисмен Зоран Милески Кичеец. По неговото излегување од затвор годинава тој таму ја регистрираше фирмата З&М Компани ЛТД Охрид со дејност хотели и објекти за сместување. Кичеец во мај на истата адреса под иста фирма ја регистрира и подружница 4Л со дејност – ресторани и подготовка на храна. Во јуни Дино Милески станува сопственик на местото на Зоран Милески. Според она што го кажуваат охриѓани, но и според претходните конфискации на Обвинителството, свои апартмани таму има и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Инаку во релативно краток рок во Македонија започнаа со работа неколку големи класични казина во кои рачно се делат карти со крупие. Од април годинава официјално почна со работа „Адмирал Казино“ во хотелот „Лимак“ во Скопје, а потоа набрзо вратите ги отвори и „Апекс“ во хотелот „Луксор“ кај граничниот премин Блаце.

Според правилата на Министерството за финансии, казината треба на буџетот да му исплатат еднократен износ за лиценцата во висина од 600.000 евра, да исплаќаат 20 отсто од разликата помеѓу уплатениот и исплатениот износ од автоматите, како и да плаќаат од 1.725 до 3.000 евра по маса за играње на месечно ниво. Плус, 3 отсто од разликата помеѓу уплатата и исплатата треба да се исплати на сметка на Министерството за здравство.

Новоматик преку „Макотен“е краен сопственик на казиното „Фламинго“ на граничниот премин Богородица, како и казиното во хотелот „Мериот“ во Скопје. 

Од останатите популарни казина во земјата, познато е уште и „Принцес хотел и казино“ на Богородица во Гевгелија.

Овие казина треба да прикажат и одржуваат основна главнина од 2,5 милиони евра за да можат да работат. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во

01/05/2026
Македонија

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026
Македонија

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство

01/05/2026
Македонија

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026
Македонија

74-годишен пензионер нападнал дете во маркет во Штип

01/05/2026
Македонија

Мицкоски: Субјекти користат повластени цени и вршат реекспорт на бензинот

01/05/2026
Македонија

Кривична пријава против Костадин Костадинов и уште четири лица за

01/05/2026
Македонија

„За плата се бориме, не се молиме“: ССМ со масовен

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43011
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска

01/05/2026

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата инволвирани во обидот за опожарување на синагогата во Скопје биле дел од

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

01/05/2026

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy