Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Охрабрувачка средба Сиљановска-Давкова – Фон дер Лајен: Време е за нов евроинтеграциски исчекор на Македонија
Македонија

Охрабрувачка средба Сиљановска-Давкова – Фон дер Лајен: Време е за нов евроинтеграциски исчекор на Македонија

16/10/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината регионална турнеја. 

Сиљановска-Давкова ја оцени посетата како охрабрувачка и поттикнувачка за европската реинтеграција на регионот.

Урсула фон дер Лајен пак, разговорот го започна со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани.

Македонската претседателка ја реафирмираше посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. 

Таа ги спореди Балтикот и Балканот, посочувајќи ја очигледната разлика: во првиот, земјите, членки на ЕУ, застанаа зад своите соседи, а во вториот, некои членки на ЕУ го користат привилегираниот статус за да го условуваат, па и блокирааат политичкиот пат на соседот кон Брисел. 

Уште еднаш укажа на огромната важност за регионот на: СЕПА, Западно-балканскиот роаминг, „Везилка- Националниот центар за вештачка интелигенција“, „Хоризонт“, како и на големите очекувања од инфраструктурните проекти: „Коридор 8“ и „ Коридор 10“. 

Гордана Сиљановска – Давкова предупреди на опасноста од реплицирање на преседанот со билатерализацијата на македонскиот процес на интеграција, надвор од Копенхагенските критериуми, не само во регионални рамки, туку и пошироко.

Воедно, потсети на непочитувањето, односно кршењето на некои фундаментални принципи и вредности на основните конститутивни акти на ЕУ што ги гарантираат националниот и културниот идентитет на државите и нациите, како и достоинството и интегритетот на граѓаните. Исто така, изрази спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори. 

Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции, бидејќи како што нагласи, прифаќањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ не е само прашање на проширување, туку ја засега безбедноста и стабилноста на Европа. Иницијативата за реформирање на процесот на одлучување во ЕУ, што би ги опфатило и прашањата поврзани со проширувањето на Унијата, односно воведувањето на гласање со квалификувано мнозинство, за Сиљановска-Давкова би било храбра одлука, што ќе доведе до евроинтеграциски исчекор.

Според неа, ние мораме да ја насочиме енергијата кон реформите во судството и бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот.

Претседателката Урсула фон дер Лајен ја нагласи јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздрави значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна,

08/12/2025

Стратегија  усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy