Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да се возат мотоцикли до 125цц
Собранието на Република Македонија по скратена постапка го изгласа предлогот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Со овие измени, на возачите кои поседуваат возачка дозвола од Б категорија им се овозможува да управуваат мотоцикли со зафатнина до 125цц.
Предлогот, поднесен од пратеникот Павле Арсоски, беше изгласан со 84 гласа „за“ и ниту еден „против“. По гласањето во надлежните комисии, официјално се отвора ново поглавје за љубителите на две тркала во Македонија.
Измените во законот предвидуваат дека возачот со „Б“ категорија има право да управува мотоцикли од категоријата А1, но под одредени услови:
Важна напомена: Оваа законска измена важи исклучиво на територијата на Република Македонија.
Иако законот е изгласан, граѓаните сè уште не можат веднаш да седнат на мотор од 125цц. Министерството за внатрешни работи (МВР) има рок од 15 дена да ја доуреди документацијата и да ги пропише:
Автошколите ќе бидат задолжени за спроведување на обуката од 4 часа и за испраќање на извештаите до МВР, кое ќе води посебна евиденција за овие возачи.
Оваа законска промена се смета за значаен чекор за зголемување на бројот на мотоциклисти на патиштата. За многумина, ова ќе биде првиот контакт со светот на две тркала, што потенцијално ќе води кон подоцнежно стекнување на целосна „А“ категорија и управување на поголеми мотоцикли.