Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Официјално: Еврозоната влезе во рецесија
Македонија

Официјално: Еврозоната влезе во рецесија

09/06/2023

AA

Економијата во еврозоната падна за 0,1 отсто во првиот квартал, објави денеска Евростат.

Последниот квартал од 2022 година, исто така, забележа пад на БДП од 0,1 отсто, така што по два последователни квартали негативен раст, еврозоната влезе во блага рецесија.

За разлика од еврозоната, економијата на ЕУ забележа благ квартален раст од 0,1 отсто.

Најголем економски раст во однос на претходниот квартал е забележан во Полска – од 3,8 отсто, Луксембург – 2,0 отсто и Португалија – 1,6 отсто, додека најголем економски пад е забележан во Ирска – за 4,6 отсто, Литванија – за 2,1 отсто и Холандија – за 0,7 отсто.

Германската економија падна за 0,3 отсто на квартално ниво, додека економски раст е забележан во Франција – 0,2 отсто и Италија – 0,6 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,3 отсто на квартално ниво, како во еврозоната, така и на ниво на ЕУ. Државните трошоци се намалени за 1,6 отсто во еврозоната и за 0,9 отсто во ЕУ.

Кварталниот извоз падна за 0,1 отсто во еврозоната, а порасна за 0,1 отсто во ЕУ, додека увозот падна за 1,3 отсто – и во еврозоната и во ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy