
Одмор во Србија: Еве кои се најпримамливи места за сместување – бањи, езера, планини
За читателите кои планираат дел од одморот ова лето да го поминат на една од најпопуларните летни дестинации во Србија, порталот N1 дава преглед на најдобрите цени за сместување во приватни и хотелски капацитети. Речиси без исклучок е обезбеден бесплатен паркинг за сите гости, па дури и безжичен интернет.
Златибор
Ноќевање за семејство со две деца во стан од околу четириесет квадрати, кој вклучува дневна и спална соба, кујна, бања и тераса, чини 3.000 динари дневно, додека цената на приватно сместување за двајца луѓе во стан од околу триесет квадрати е 2.500 на ден.
Хотелско сместување со појадок во двособни апартмани во строгиот центар на туристичкото одморалиште за семејство со две деца до 12 години чини 26.000 дневно, додека ноќевање со појадок во стандардна двокреветна соба со бања е 6.760 по лице.
Сокобања
Ноќевање во двокреветен апартман може да се добие по цена од 2.500 динари по лице, додека четиричлено семејство за истата услуга треба да плати најмалку 4.000 динари дневно.
Полупансион во хотел со четири ѕвезди за семејство со две деца до десет години чини 20.500 динари дневно, додека ноќевање со појадок е 5.000 динари по лице.
Сребрено езеро
Ноќевање во двокреветен апартман чини од 3.500 динари за двајца, додека цената на приватно сместување за семејство со две деца е 4.300 динари дневно.
Промо/Аква клуб Silver Lake
Во хотелското сместување, ноќевање со појадок во двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби чини 3.240 динари по лице, што е цената со десет отсто попуст доколку престојувате во хотелот најмалку пет дена. Деца од три до 12 години имаат педесет проценти попуст на редовната цена.
Копаоник
Апартман за две лица може да се изнајми по цена од 3.500 динари дневно, додека ноќевање во приватно сместување за семејство со две деца чини 4.000 динари дневно.
Ноќевање со појадок за две лица во двокреветна хотелска соба е достапно по цена од 10.240 динари по сместувачка единица, а цената на оваа услуга за четиричлено семејство е 17.400 динари на ден.
Полн пансион за две лица во хотелот чини 15.100 динари дневно, односно 28.700 динари за семејство со две деца.
Паличко езеро
Ноќевање за две лица во двокреветен апартман недалеку од самото езеро чини 3.500 динари, додека киријата на приватно сместување за семејство со две деца е 4.000 динари дневно.
Shutterstock
Ноќевање со појадок во хотел во Палиќ може да се најде по цена од 6.750 динари по лице, а во цената е вклучено користење на фитнес центар и затворен базен. Децата до шест години не плаќаат сместување и појадок, додека децата од шест до 12 години плаќаат педесет отсто од цената на сместувањето и појадокот.
Цената на пакетот за двајца возрасни со две деца до 12 години во кој се вклучени пет ноќевања со појадок изнесува 90.000 динари.
Фрушка гора
Изнајмувањето сместување за две лица во приватен стан од 25 метри квадратни, недалеку од бањата Врдник, чини 2.500 динари дневно, додека сместување за семејство со две деца во стан од 35 квадрати е достапно за 3.500 динари од ноќевање.
Ноќевање со појадок во хотелот чини од 8.450 динари по лице, додека цената за полупансион е 10.100 динари по лице, со попуст за престој подолг од три ноќевања.
Врњачка бања
Ноќевање во приватно сместување чини од 3.000 динари за две лица, додека изнајмување сместување за семејство со две деца чини од 4.000 динари дневно.
Ноќевање во двокреветна хотелска соба во строгиот центар на Врњачка Бања е достапно по цена од 4.500 динари за двајца. Цената на хотелско сместување за семејство со две деца, без оброк, започнува од 7.000 динари дневно.
Фото: Принтскрин/Твитер