Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одложена седницата на која требаше да биде разрешен Љупчо Коцевски
Македонија

Одложена седницата на која требаше да биде разрешен Љупчо Коцевски

26/03/2025

AA

Одложена е седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување од функцијата Јавен обвинител на РСМ поднесен од Владата. Како што информираше претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, седницата е одложена поради немање на кворум – отсуство на тројца членови и за се понатаму јавноста ќе биде дополнително информирана. 

Предлогот за разрешување на државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски е втора точка на дневен ред на 22 седница, која првично беше закажана за 18 март, но Советот ја одложи поради седумдневна жалост прогласена по трагедијата која се случи во Кочани.

Роковите за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски се уште течат и Советот ќе треба да го разгледа предлогот најдоцна следната недела.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера рече дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

-Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, рече Мицкоски.

Инаку, од Владата на 11 февруари 2025 година донесоа одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy