Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста
Регион

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

17/09/2024

AA

Одливот на мозоци предизвикува Балканот да губи повеќе од четири милијарди евра годишно, што значително влијае на бруто домашниот производ (БДП) на земјите од регионот, покажува истражувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Овој тренд сериозно го загрозува долгорочниот економски раст и продуктивноста на земјите од регионот, како што се Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора,  Македонија и Албанија, се наведува.

Бањалучкиот портал Srpska.info потсетува на податоците на Евростат дека до 2050 година населението на Балканот ќе се намали за повеќе од 15 отсто, поради нискиот наталитет и масовните миграции.

„Резултатот од тоа е стареењето на населението, каде што се помалиот број на работоспособни луѓе треба да го поддржи растечкиот број пензионери. Во Србија просечната возраст на населението е веќе 43 години, а во Хрватска е дури 45 години, што претставува голем товар за пензискиот систем и здравствената заштита“, се наведува во текстот.

Младите бараат подобри можности

Според податоците на Светска банка, само во последните десет години повеќе од 2,5 милиони луѓе ги напуштиле земјите од Западен Балкан во потрага по подобри услови за живот во Западна Европа.

Еден од клучните проблеми на миграцијата во регионот е заминувањето на високообразованите млади луѓе, експерти од ИТ, инженерството, медицината и други клучни сектори.

Според податоците од 2021 година, повеќе од 70 отсто од младите луѓе во БиХ размислуваат за заминување, додека слична статистика покажува дека во Србија, според истражувањето на Центарот за миграциски студии, околу 80 отсто од младите сакаат да заминат во потрага по подобри можности.

Поради заминувањето во странство, здравствениот сектор во БиХ се соочува со сериозен недостиг на лекари и медицински персонал.

Според податоците на Комората на лекари на Федерацијата БиХ, од 2013 до 2020 година БиХ ја напуштиле повеќе од пет илјади лекари.

Расипнички инвестиции во обука

Вложувањата во образованието и стручното оспособување на младите стануваат залудни доколку кариерата ја продолжат надвор од границите на својата земја, оценува текстот.

Како пример, се наведува дека Босна и Херцеговина инвестира над 150 милиони конвертибилни марки (околу 77 милиони евра) во образованието на високообразовани експерти, но голем дел од оваа инвестиција имаат корист за западните економии кои апсорбираат квалификувана работна сила.

Иако трендот на одлив на мозоци изгледа неповратен, се додава, има позитивни примери за враќање на експерти во регионот.

Обиди за враќање

Според податоците на Министерството за човекови права и бегалци на БиХ, во изминатите пет години повеќе од 15.000 луѓе, главно високообразовани експерти, се вратиле во земјата преку различни програми за поддршка на враќањето.

Иницијативите како „Дијаспора за развој“, поддржани од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, успеаја да привлечат експерти од дијаспората да се вклучат во развојот на локалните заедници преку едукација и отворање нови бизниси.

Примерите за успешно враќање и инвестирање во локалните заедници покажуваат дека, иако миграцијата е предизвик, таа може да стане и можност за долгорочен развој доколку се управува на вистински начин, се заклучува во текстот.

Форбс.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
Македонија

СДСМ ВРШИ САБОТАЖА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА Филипче намерно создава хаос,

07/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46643
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала фиктивни кредити, не ги евидентирала

07/11/2026

Раководителка на штедилница во Кавадарци е осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од штедачи, соопшти Јавното обвинителство. „Основното

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА СЦЕНА Ќе успее ли новиот

07/11/2026

Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје следната година прославува јубилеј 55 години, јубилеј кој е сведок за 55 години културолошко

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За Бугарија, прашањето не било билатерално

07/11/2026

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската Унија и земја кандидат според договори кои не се од билатерален

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy