
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Наскоро зголемување на пензиите без комплицирани апликации или мачна документација
Нов паричен
додаток за милиони граѓани се очекува во јули 2024 година. Околу 3 милиони луѓе
наскоро ќе добијат неочекувани пари без комплицирани барања или досадна
документација, јавуваат германските медиуми.
Субвенција благодарение на новата регулатива за
пензиско осигурување
Друштвото за
пензиско осигурување донесе одлука новите прописи за подобрување на
инвалидските пензии за 2024 година да важат од јули следната година. Но, тоа не
е се. Додатокот кој може да биде и до 7,5 отсто ќе ги зголеми примањата на
многу пензионери.
Ова е голема
помош за оние кои ја започнаа инвалидската пензија од 2001 до 2018 година.
Сепак, точниот износ на овој неочекуван приход зависи од личните платежни поени
релевантни од крајниот рок 30 јуни 2024 година.
Дадените датуми и
проценти не ја олеснуваат пресметката, но имаат директно влијание врз месечните
примања.
Тоа значи дека,
на пример, пензијата од 1.000 евра би можела да порасне на 1.075 евра –
значително зголемување што ќе има позитивно влијание врз животот на многу
пензионери.
Повеќе пари без комплицирани апликации и
бирократија
Друштвото за
пензиско осигурување уверува дека автоматски ќе проверува кој има право на овој
додаток. Првите плаќања се закажани за јули 2024 година. Се разбира, овие
дополнителни трошоци не доаѓаат од никаде.
Владата очекува
значителни дополнителни трошоци: 1,3 милијарди евра само во 2024 година и дури
2,6 милијарди евра во следната година. Но, не се работи само за пензиите.
Луѓето кои
примаат делумна инвалидска пензија ќе добијат повеќе пари во 2024 година.
