Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра
Економија

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

13/05/2024

AA

Добар или уште
подобро речено одличен старт на „Макпетрол“ во првите три месеци од годинава.

Компанијата го
објави неревидираниот Биланс на успех за првиот квартал од 2024 година, а тој
говори за остварен чист профит од 2,21 милиони евра за три месеци, или за
фантастичен раст од 62 проценти во однос на истипот период од минатата година.

Овој одличен
финансиски резултат нашиот нафтен гигант успеал да го оствари и покрај
незначително намалените приходи, а што се должи на посериозното намалување на
приходите остварени од продажба на странскиот пазар.

Попшрецизно
кажано, „Макпетрол“ во првото тримесечје од годинава прикажува оперативни
приходи од 109,2 милиони евра, а тоа е незначајно намалување од само 3 проценти
во однос на истиот поериод лани.

Разбирливо,
приходите од продажба се главниот дел на приходнатан страна и тие му донеле на
ова акционерско друштво сума од 108,9 милиони евра, што е исто така благо
намалување за 3 проценти.

А, приходите од
продажба на домашниот пазар се буквално идентични со оние остварени во истиот
период од 2023 година и биле на ниво од 107,8 милиони евра, и кај нив нема ниту
намалување ниту зголемување.

Онаа приходна
ставка каде што има најголемо потфрлање се приходите од продажба на странскиот
пазар, кои на компанијата и донеле прилив од само 1,1 милиони евра, што е
четирикратно намалување во однос на истиот период лани, или, намалување за цели
76 проценти. Кога компанијата ќе го даде образложението на билансот, ќе стане
појасно на што се должи ова значајно намалување на овој вид на приходи.

Значајно за
нафтената компанија е што успеала да работи со навистина помали расходи
наспротио приходите, или тие биле на ниво од 106,9 милиони евра, што е
снижување за 4 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Најголем дел од
расходната страна се должи на набавната вредност на трговските стоки или тие
чинеле 96 милиони евра, што е пад за 5 отсто во однос на истиот пшериод лани.

На име трошоци на
вработените од компанијата за три месеци се одлеале седум милиони евра, што
означува раст за 6 проценти на платите за работниците или за награди за
менаџерите.

Сето ова прави
компанијата да оствари оперативна добивка од 2,34 милиони евра, а по
оперативните приходи и расходи и плаќањето на данокот, чистата нето добивка е
2,21 милиони ева, или зголемување за 62 отсто во однос на истипот период од
претходната годфина.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна

19/02/2026
Македонија

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под

19/02/2026
Македонија

Циклон носи дожд и снег: На планините се очекуваат нови

19/02/2026
Македонија

Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на

19/02/2026
Македонија

Казнети четири градилишта во Центар, еве зошто!

19/02/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 60% ОД НОВИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДИПЛОМАТИ Се

19/02/2026
Македонија

Аларм во Вевчани: Жителите загрижени од непознато лице кое демне

19/02/2026
Македонија

„Многу сме блиску до склучување договор со САД“, вели Муцунски

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41652
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна поддршка од Брисел

19/02/2026

Македонија се наоѓа во критична фаза од своите евроинтеграции, каде што домашните реформи и геополитичката реалност наметнуваат нова итност. Ова

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под истрага за злоупотреби

19/02/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица од Штип, меѓу кои и поранешни претседатели на Здружението на инвалиди на трудот

Циклон носи дожд и снег: На планините се очекуваат нови 15 сантиметри снежна покривка

19/02/2026

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy