
Од Воска си замина најдобриот играч, па дојдоа голманот Мустафа и Бесир Исени!
Емини, екс-напаѓач на Ренова и Шкедија и поранешна „златна копачка“ во македонската елита две години играше за Воска и беше каптен, но ја прекина соработката заедно со Ардит Демири и Илјас Чилафи.
Од друга страна, бившиот голман на Борец и Работнички, Бурхан Мустафа, кој во минатата сезона беше дел од Академија Пандев е ново засилување и тоа откако Воска веќе ја продолжи соработката со својата „единица“ Хадис Велии.
Нов фудбалер на охриѓани е и Бесир Исени, поранешниот фудбалер за врска на Шкупи и Вардар, а со црвено-црните беше дел од историската генерација која играше во Лига Европа.
Воска од претходо го донесе Николче Шаркоски, екс-фудбалер на Победа, Работнички и Академија Пандев, потоа Црногорците Алекса Марушиќ и Никола Стјеповиќ, како и доскорешниот фудбалер на Шкупи, Фатих Исмаили.
