Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Од визија кон акција“ – трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Македонија

„Од визија кон акција“ – трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

10/12/2025

AA

Денеска во Скопје се одржа третата годишна конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) со работен наслов „Од визија кон акција: Креирање на систем што испорачува“, акцентирајќи ја темата за потреба од дигитална трансформација која е практична, безбедна и функционална.

Конференцијата ја отвори Славко Пројковски, член на Одборот на директори на АмЧам, кој ја даде и рамката на самата конференција истакнувајќи дека иако нашите животи секое утро почнуваат пред екран, тоа не значи дека сме дигитално напредни. Пројковски нагласи дека вистинската дигитализација не смее да создаде „10 дигитални чекори таму каде што претходно имало 10 хартиени“. Таа мора да ја отстрани бирократијата, да ги решава секојдневните проблеми, да штеди време и да гради доверба.

Пораките од воведниот дел се надоврзаа и со излагањето на клучниот говорник Стивен А. Њутон од „MITRE Corporation“, кој истакна дека вистинската дигитална трансформација може да успее само доколку се гради врз силни институции, со јасни правила на управување и стабилни кибер-безбедносни стандарди.

Њутон предупреди дека технологијата напредува со голема брзина, но институционалните промени одат многу побавно, па затоа државите мора да развијат капацитет да управуваат со ризици, да координираат меѓу институциите и да создаваат доверливи системи на податоци. Говорникот исто така посочи дека Северна Македонија има шанса да биде пример за земја која успешно ги спојува европските и американските дигитални стандарди – преку транспарентни, интероперабилни и инклузивни решенија што овозможуваат сигурно користење на новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција.

Во продолжение на агендата, низ пет панел-дискусии, беа опфатени клучните приоритети на националната дигитална агенда. Во дискусиите учествуваа носители на политики, регулатори, преставници на бизнис-заедницата и технолошките компании, кои преку свои перспективи ги разработија најважните системски реформи што треба да ја придвижат државата напред кон дигитална зрелост.

Првата тема беше насочена кон дигиталната трансформација на системите за јавни приходи, каде директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и претставникот на „PwC Унгарија“, Норберт Тот, говореа за придобивките од е-фактурирањето и фискализацијата во реално време, со практични примери и насоки за идната имплементација.

Следеше панел-дискусија каде министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со Методија Мирчев од А1 и Дамјан Манчевски од MAK-SYSTEM, зборуваа за поагилна интероперабилност во рамки на институциите и во односот со бизнис секторот, како и потребата од имплементирање на веќе донесената регулатива и постојната дигитална инфраструктура. Говорниците се осврнаа и на важноста на јасните стандарди, координацијата и заштитата на податоците во создавањето модерни јавни услуги.

Посебно внимание привлече дискусијата за дигитализација и кибер-безбедност во енергетскиот сектор, предводена од генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со Апостолчо Рамов од РКЕ, Георги Хаџи-Манев од „EVN“, Андреј Петрески од „Cisco“ и Ајри Шеј од „Tessa Group“. Панелистите отворија значајни прашања за модернизација на мрежи, „smart-grid“ решенија, дигитален мониторинг и предизвиците поврзани со новиот Закон за енергетика, со јасен акцент на кибер-заштита на критичната инфраструктура.

Темата на финансискиот сектор и дигиталните иновации беше обработена преку погледите на претставници од клучните институции: Билјана Доновска-Гечева од Народна банка, Беркан Имери од „Халкбанк“, Сандра Томановиќ од „KIBS“ и Марин Пиперкоски од „PaySpot MK“. Тие дадоа осврт на „SEPA“ приклучувањето, развојот на инстант плаќањата и отворањето на пазарот за „финтек“ решенија, како и на усогласувањето со европските стандарди.

Конференцијата заврши со панел кој во фокусот ги имаше начините за финансирање на дигитализацијата, каде Соња Ингилизова од ЕБРД, Мари-Меделин Канелополу од Делегацијата на ЕУ, Верица Хaџивасилева Марковска од програмата „Go Digital“ зедно со Горан Ковачев од Развојната банка и Петре Ламески од „Digitmak“ дадоа преглед на тековните и претстојните фондови, грантови и повици за поддршка на јавните институции и приватните компании.

Со овие теми, АмЧам ја зајакна пораката дека нашата држава има реална основа за системска дигитална промена, но дека следната фаза бара партнерства, дисциплина и практична имплементација за дигитализацијата да стане секојдневна реалност што испорачува резултати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy