
Од вчера прехрамбените компании без субвенционирана струја
Од вчера прехрамбените компании во земјата произведуваат без субвенционирана електрична енергија на слободниот пазар од 80 евра по мегаватчас.
Бидејќи поголемиот дел од нив не ги намалија цените на производите, државата одлучи да ги раскине договорите за евтина струја со нив, а паралелно донесе одлуки за замрзнување на цените на некои од нив.
Оваа субвенционирана струја од минатата година околу 400 прехрамбени компании ја добиваа од ЕСМ
Од Владата претходно информираа дека нема да има последици, односно одговорност, за ваквото повлекување на мерката која се финансираше од буџетот, бидејќи неиспочитуваниот договор бил џентламенски со коморите.

