Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Ajet почна со сезонски летови до Анкара, Чукурова и Дијарбакир во Турција
Македонија

ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Ajet почна со сезонски летови до Анкара, Чукурова и Дијарбакир во Турција

02/06/2025

AA

Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција.

Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати недела, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември година.

“Директното поврзување на Меѓународниот Аеродром Скопје со трите нови дестинации во Турција е од голема важност од повеќе аспекти, затоа што секоја област носи свои бенефити. Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис логистика меѓу Македонија и Турција, лесен пристап до турскиот пазар, бизнис-мобилност, туристичка и културна размена, образовна и академска соработка, поврзување на заедниците, а ќе придонесе и за дополнително унапредување на политичките и дипломатските односи”, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Воспоставувањето на авиоконекцијата на Скопје со Чукурова и Дијарбакир пак, ќе донесат значајни стратешки, економски, туристички и културни бенефити за земјава, велат од ТАВ Македонија.

Чукурова е голема плодна област која ги опфаќа Адана, индустриски и аграрен центар и Мерсин, туристички потенцијал, дестинација на турската медитеранска ревиера. Она што е исто така значајно е што во Македонија постои голема популација со потекло од овие две области, со што авиоповрзувањето ќе ја олесни комуникацијата и одржувањето на семејните врски. Со новите три дестинации, авиокомпанијата АJet од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постоечката линија до Истанбул, до аеродромот Сабиха Гокчен.

Во тековната летната сезона 2025, вкупно четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија, до вкупно 6 града и 7 аеродроми во Турција. Од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид Turkish Airlines лета до Истанбул (IGA аеродром); Pegasus Airlines лета од скопскиот аеродром до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), Измир и Анталија, Ајет исто така лета од Скопје до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), додека Sun Express лета од Скопје до Анталија и Измир.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41481
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка

15/02/2026

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy