
Од десет српски пасоши издадени на странски државјани, шест се за Руси
Трендот на доделување државјанства на Руси во Србија продолжува и во 2023 година.
Од десет српски пасоши издадени на странски државјани во годинава, речиси шест отишле кај руски државјанин, покажува анализата на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Во анализата се опфатени само оние државјанства што ги доделува Владата по посебна процедура.
Податоците за државјанствата кои се доделуваат по редовна процедура и за кои одлучува Министерството за внатрешни работи (МВП) на Србија не се јавно достапни.
Србија, иако е кандидат за членство во Европска унија (ЕУ), е меѓу ретките земји во Европа што не воведе санкции кон Русија и има директни летови со Москва.
Од почетокот на инвазијата врз Украина, Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.
Списанието „Економист“ објави проценка за тоа колку граѓани заминале од Русија.
Ова е најголемиот поединечен егзодус предизвикан од политички пресврти од 1920 година досега. Руските граѓани заминаа во Грузија, Србија, Турција, Казахстан, Аргентина и други земји. Во медиумите имаше информации дека секој ден по еден Русин зема бугарски пасош.
