
Очилата за сонце предизвикаа пожар во автомобил
Пожарникарите предупредуваат да не се оставаат рефлектирачки предмети на сончева светлина откако пар очила за сонце запалиле автомобил.
Инцидентот се случил во саботата кога противпожарната и спасувачката служба на Нотингемшир одговорила на извештајот за пожар во 17.05 часот во саботата, јавува Би-Би-Си.
Од службата известуваат дека пожарот, кој предизвикал значителна штета на возилото, бил предизвикан од пар очила за сонце оставени на контролната табла.
На Фејсбук, противпожарната служба напиша:
„Сонцето е силно, но внимавајте дека може да предизвика пожар. Погрижете се да ги чувате рефлектирачките предмети подалеку од директна сончева светлина“.