Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството со јавен повик за информации за пожарот во „Пулс“
Македонија

Обвинителството со јавен повик за информации за пожарот во „Пулс“

16/05/2025

AA

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката „Пулс” продолжува интензивно да презема дејствија на распити и вештачења од кои најголем дел од прелиминарните резултати се очекуваат во следните неколку дена.

Во истрагата се ангажирани максимални капацитети од сите истражни органи и се вклучени десетици стручни лица од различни области.

Во исто време, во насока на прибирање на сите докази кои можат да помогнат за целосно испитување на настанот, Јавното обвинителство упатува отворен повик до сите кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Имајќи ги предвид законските рокови и потребата од ефикасност на постапката, на веб страницата на Јавното обвинителство (www.jorm.gov.mk) e објавен формулар со чие пополнување тие можат да се пријават за да достават податоци и информации кои сметаат дека се релевантни за истрагата.

Пополнетиот формулар потребно е да се испрати електронски на следната наменска адреса: [email protected]

Врз основа на формуларот и релевантноста на податоците подносителите ќе бидат контактирани од истражниот тим.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42383
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и сплотеност за Велигден

11/04/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со велигденска порака повика на мир, надеж и семејна сплотеност, нагласувајќи ја симболиката на традиционалното вапцање јајца

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е семејна блискост

11/04/2026

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати порака до граѓаните по повод Велигден, нагласувајќи ја симболиката на традиционалните обичаи и нивното значење за

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy