Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителство: Бојко Борисов лично ги дал парите за куќата во Барселона
Регион

Обвинителство: Бојко Борисов лично ги дал парите за куќата во Барселона

09/06/2023

AA

Истрагата го идентификуваше eкс бугарскиот премиер Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата „Барселонагејт“. Нагло се забрза откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител. Дел од документите најпрвин ги објави сајтот Bivol, а потоа извадоци објави и главниот уредник на Бирд Атанас Чобанов.

„Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала од таткото на лицето Валентин Василев Златев кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази е прибран, бидејќи ги негира односите со споменатото лице за да не биде фатен во коруптивни дејствија“, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Bivol“ .

Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.

Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата Јаневагејт, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC, пренесуваат бугарските медиуми. 

Софиското градско обвинителство бара одземање на имунитетот на Бојко Борисов за да биде истражен како учесник во организирана криминална група со цел „перење пари“. Обвинителството се сомнева дека парите за куќата во Барселона се создадени од корупциски дејствија на лице со висока јавна функција.

Обвинителството испрати барање за правна помош до Турција за откривање на банкарските сметки и имотите на Борислава Јовчева и Беизат Јахја, за кои се вели дека се блиски со Валентин Златев и Бојко Борисов. Обвинителството се сомнева дека Јахја однел 300 милиони лева во Турција и купил луксузен имот за Јовчева по 2015 година.

Bivol и Бирд прецизираат дека немаат документи од обвинителството за да ги докажат тврдењата на обвинителот дека Борисов е „вистинскиот извор на средствата“ и дека „одржувал интимна врска со Јовчева од која има дете. “

Фирмата „Тера тур сервис“ е во сопственост на офшор компанија, но како вистински сопственик во бугарскиот трговски регистар е пријавен Валентин Златев, близок пријател на Борисов. Досега се знаеше дека имотот го купил Александар Чаушев, а тој за медиумите тврдеше дека тоа го направил со свои средства, а не со пари на правно лице по договор за мандат. Чаушев е долгогодишен вработен на Валентин Златев.

Борисов претходно тврдеше дека нема имот во Барселона. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy