Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ и предметот да се врати на повторно одлучување
Македонија

Обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ и предметот да се врати на повторно одлучување

24/11/2023

AA

Случајот „Талир 2“, за кој првостепено беа осудени екс премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски за изградбата на седиштето на политичката партија ВРМО-ДПМНЕ во Скопје, најверојатно ќе биде вратен од почеток.

Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов, по апелационата седница, во изјава за медиумите посочи дека апсолутна застареност со измените на КЗ настапила во јануари годинава, но и дека сега делото залоупотреба на службената положба и овластување го нема во измените.

-Јас мислам дека во конкретниот случај таква конфискација веќе не може да постои. Мислам дека не можеше никогаш да постои, но сега уште повеќе. Не знам оваа пресуда дали треба да се укине или едноставно примена на новиот КЗ да доведе до тоа да се констатира апсолутна застареност на гонење, изјави Миланов.

Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која Груевски и Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и токсичниот сунѓер во кочанската дискотека

02/09/2026

Во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, одбраната вкрстено

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче

02/09/2026

Општина Прилеп за првпат обезбедува еднократна парична помош од 3.000 денари за сите ученици запишани во прво одделение во основните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy