Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ДОБРИ НЕДВИЖНОСТИ, АМА НА ТОВАР И МНОГУ „ПОДЕБЕЛИ“ КРЕДИТИ – каков имот пријавил директорот на МЕПСО Зухди Енуз Кока
Економија

ИМА ДОБРИ НЕДВИЖНОСТИ, АМА НА ТОВАР И МНОГУ „ПОДЕБЕЛИ“ КРЕДИТИ – каков имот пријавил директорот на МЕПСО Зухди Енуз Кока

24/11/2023

AA

Свој имот нема, освен
два „подебели“ кредити во банка, но затоа имаат неговите родители. А не е ни чудно кога
имаат богата семејна фирма, која е одличен извор на приходи.

На веб страницата на
Антикорупциската комисија неодамна беше објавен анкетниот лист на Зухди Енуз,
наречен Кока, кој од пред околу три месеци беше назначен за директор на
државниот електропреносен систем МЕПСО. Тој е всушност претседател на Уравниот
одбор на државното акционерско друштво МЕПСО и со таа функција фигурира во
имотниот лист на Државната комисија за спречување на конкуренцијата.

Првите два имота што ги
поседува се имот на неговата сопруга, односно имот на брачен другар. Притоа треба да се
напомене дека за сите недвижни имоти кои се ставени во неговиот анкетен лист,
не е наведено што се тие, односно дали тоа се станови, куќи, деловни објекти,
или, пак, станува збор за градежно или земјоделско земјиште, туку само стои
ставката недвижен имот.

Или, Зуди Енуз Кока,
како прв недвижен имот, кој е имот на сопругата, наведува имот од 293 илјади евра. За овој имот се знае дека има 32 метри квадратни и
е во Скопје, а е стекнат со договор за подарок, и датира како имот на брачен
партнер од 2011 година.

Вториот имот, кој е исто
така на неговата сопруга, е многу поголем, односно има 232 метри квадратни, и
исто така, е лоциран во Скопје. Датира од 2018 година, а како вредност не е
премногу „потежок“ од претходниот, или вреди 390 илјади евра. Таа недвижност е
купена, односно е стекната со договор за купопродажба.

Следните три недвижни
имоти се пријавени како имот на родители. Еден од нив е недвижност проценета на
24 илјади евра, има 30 метри квадратни и се наоѓа во Скопје, стекната со
договор за купопродажба.

Исто така, родителите на
директорот на МЕПСО имаат недвижност од 1.100 метри квадратни во Скопје, чија
вредност тежи 325 илјади евра. Тој имот датира од далечната 1983 година и е
стекнат со договор за купопродажба.

Како имот на родители
фигурира и уште една недвижност, што има 289 метри квадратни, а има доста помала
вредност, од 12 илјади евра, и е стекнат преку купување.

Потоа, повторно како
имот на родители, се пријавени и две моторни возила. Првото е Мерцедес С600,
кој е запишано дека вреди 29 илјади евра, и уште еден мерцедес вито, со многу
помала вредност. Исто како имот на
родители фигурираат и пет закупи, но за нив ништо не е наведено, ниту пак
нивната вредност.

Од трите кредити што ги
има Енуз, првиот е наведен како имот на родители. Станува збор за задолжување
од 90 милиони денари или 1,5 милиони евра. За овој кредит е наведено дека е
земен во 2020 година, а треба да се исплати до 2035 година. 
Како свој личен имот
директоротѕ на МЕПСО има два кредити. Првиот на сума од околу половина милион
евра или прецизно 488 илјади евра, исто со рок од 15 години односно од 2020 до
2035 година, и вториот од еден милиопн евра, со истиот рок на земање и враќање. Или вкупно кредитите тежат 4 милиони евра.

И, на свое име уште Зуди
Енуз има кредитна картичка на сума од 120 илјади денари, односно околу две
илјади евра.

Кога беше назначен на
функцијата, МЕПСО ја објави
биографијата на Енуз, кој има 40 години. Тој завршил на Економскиот
факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, и потоа бил директор
во семејните фирми. Зухди
Енуз прво бил генерален менаџер на Де Кока Груп, во делот за
производство и трговија со мебел. Фирмата Де Кока всушност е семејна компанија
на семејството Енуз, поради што најголем дел од членовите на семејството се
познати и по прекарот Кока. Во
2014-тата година бил назначен
за генерален менаџер на Де Кока хотелот, кој се наоѓа во поранешната стоковна
куќа на влезот во старата скопска Чаршија.
Пред две години е
избран за директор на Комунална хигиена, а од таа позиција беше сменет на
пролет
2022 година од
градоначалничката Арсовска, по инцидентот кога неговиот брат извади
пиштол кон демонстрантите кои
протестираа против францускиот предлог.

Н.Н.Ф.

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА Двајца повредени

14/04/2026
Македонија

Роботите ќе ја предводат идната колонизација на Месечината и Марс

14/04/2026
Македонија

Месечината е само чекор – вистинската цел е Марс

14/04/2026
Македонија

Децата природно се фасцинирани од астрономијата

14/04/2026
Македонија

ДВЕ ПРЕСУДИ, ЕДНА ЗАСТАРЕНА ЗАТВОРСКА КАЗНА И ДВЕ АКТИВНИ ПОСТАПКИ

14/04/2026
Македонија

Нова вселенска трка: САД и Кина во борба за Месечината

14/04/2026
Македонија

ПРЕСУДИ, ПОТЕРНИЦА, БАРАЊЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА, АЗИЛ… Министерството за правда го

14/04/2026
Македонија

ФОТО Камион се запали на Плетвар

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42476
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА Двајца повредени

14/04/2026

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на булевар „Словенија“ во Скопје. Во несреќата, информира МВР,

Роботите ќе ја предводат идната колонизација на Месечината и Марс

14/04/2026

Според Иван Ивановски од Prime Capital, идните вселенски мисии на НАСА и SpaceX сè повеќе ќе се потпираат на роботски

Месечината е само чекор – вистинската цел е Марс

14/04/2026

Месечината не е крајна дестинација, туку неопходна фаза кон подалечни мисии, вели Радан Митровиќ од Скопско астрономско друштво. Тој објасни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy