Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обрасци за пасоши има само за итни постапки, министрите со меѓусебни обвинувања
Македонија

Обрасци за пасоши има само за итни постапки, министрите со меѓусебни обвинувања

20/02/2024

AA

Саботажа нема, обрасци за пасоши наскоро ќе пристигнат во поголема количина. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вели дека во изминатиот период се пристигнати вкупно 70 илјади, а поголема пратка ќе се испорача во јуни.

Со пристигнатите обрасци ќе се печатат пасоши на оние кои се сликале по итна постапка или приложиле медицинска потврда. Тоа значи дека оние сликани во редовна, ќе почекаат уште малку.

Случајот веќе го разгледува и Обвинителството кое постапува по пријава на опозицијата за издавање на документи на кои им завршува рокот.

„Кривичната пријава е примена и приклучена кон претходен предмет по поднесена друга кривична пријава со исти наводи. Во предметот веќе се побарани информации од надлежни институции и обвинителството во целост ќе ги провери наводите“, велат од Обвинителството.

Откако и денеска не беше оперативна веб-станицата на којашто граѓаните ќе може да проверат дали им се готови документите, од МВР за јавниот сервис велат дека службите работат за да ја стават во функција. Потврдуваат и дека нема застој во информирањето на граѓаните по пат на СМС пораки дека исправите им се изработени. Пасоши со новото уставно име досега добиле 1.300.000 граѓани.

Анита Димитријевска – Велковска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy