Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии
Македонија

Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии

29/05/2023

AA

Денеска, на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво, објавен е јавен повик за финансиска поддршка на мали дестилерии.

Поддршката за малите дестилерии произлегува од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци, како нова мерка за поддршка, која за прв пат започнува со реализација од оваа година.

Целта на програмата за финансирање на микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци е поддршка на земјоделските стопанства во остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.

Висината на финансиската поддршка изнесува до 300.000 денари по корисник, а средствата можат да бидат искористени за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци и ангажирање на стручно лице, технолог за производство на алкохолни пијалаци.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци–мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, или регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели–мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Министерот Николовски денеска беше во посета на мaла дестилерија во Неготино од каде го најави повикот и ги повика сите заинтересирани производители на жестоки алкохолни пијалоци да аплицираат и да ја искористат поддршката.

„Преку оваа нова мерка уште еднаш на дело докажуваме дека сме министерство кое го слуша гласот на земјоделецот. Токму оваа нова мерка за поддршка на малите дестилерии доаѓа како барање од земјоделците при нашите теренски средби. Мерка во чие креирање беа вклучени и консултирани земјоделците, малите производители на жестоки алкохолни пијалаци. Денес токму од терен, од малата дестилерија на Влатко Стојанов во Неготино го најавуваме почетокот на јавниот повик за поддршка на малите дестилерии. До сега имаме регистрирани 23 мали дестилерии, но ги бележиме и првите здруженија на мали дестилерии. Токму затоа очекувам  овој јавен повик да предизвика голем интерес кај малите производители на алкохолни пијалаци и максимална искористеност на поддршката која ја ставаме на располагање за набавка на опрема за производство“ изјави министерот Николовски и притоа искажа очекување малите дестилерии да го достигнат успехот на малите винарии.

Ги повикуваме сите заинтереисрани земјоделски стопанства, кои ги исполнуваат условите на овој јавен повик, навремено да аплицираат и да ја искористат оваа можност која министерството ја става на располагање.

Повеќе информации за повикот, на следниов линк:

https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2980

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026

Ситуацијата во виничкото село Блатец денеска ескалираше кога дојде до остар вербален конфликт и тензии на работ на физички инцидент

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy