Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 О. Тетово: Историјата покажува дека има договор меѓу ДУИ, СДСМ, ВМРО на Црквата да и се даде земјиште на експлоатација
Македонија

О. Тетово: Историјата покажува дека има договор меѓу ДУИ, СДСМ, ВМРО на Црквата да и се даде земјиште на експлоатација

21/11/2023

AA

Вистината е многу горчлива за оние кои не се навикнати да ја прифаќаат, но уште погорка за оние кои сакаат да ја манипулираат и да ја наметнат на другите.

Пред неколку дена ветивме дека состојбата со поставување на крстот на Попова Шапка, ќе ја разјасниме со факти. Факти кои ќе ги откријат измамите на ДУИ и нејзините соработници СДСМ – ВМРО.

Историјата на изградбата на крстот започнала во 90-тите години, кога земјиштето кое е сопственост на црквата било пасиште дадено на користење на Претпријатието за стопанисување со пасиштата, но својот врв го достигнува кога ДУИ доаѓа на власт.

Историјата започнува од 2004 година. Во оваа година формирана е парцела од 10.887 м2 која му е дадена на Манастирскиот комплекс.

Потоа, во 2009 година, имотот е префрлен директно на Православната црква со седиште во Скопје.

Овие постапки се одвивале далеку од мислењето и очите на граѓаните на Тетово. Замислете, во 2018 година решението било запишано во Катастар, а било однапред донесено на 18.06.2012 година од страна на единицата за имотно правни работи, која е во состав на Министерството за финансии во Тетово, што резултирало со приватизација на земјиштето од 10.889. м2 и два објекта: црквата и камбанаријата. Со ова Црквата станува сопственик на земјиштето и на двата објекта.

И покрај тоа што земјиштето е приватизирано, тука ништо не е завршено, на 19 мај 2021 година, односно пред да се одржат избори и ДУИ и Теута Арифи да доживеат дебакл во Тетово, направено е и пренасочување на целото земјиште во катастарот, од земјиште за пасишта се трансформира во градежно земјиште.

Значи, по повеќе од две децении работа со православната црква, земјиштето се дава, се пренаменува за градба, објектите се легализираат, и последно беше поставувањето на крстот.

Тоа значи, историјата покажува дека има договор меѓу ДУИ, СДСМ, ВМРО на Црквата да и се даде земјиште на експлоатација, потоа да се продава по смешни цени, да се гради на црно и потоа, ДУИ само да го приватизира.

Ова е дволичност на ДУИ и нејзините пријатели. Ќе се обидат да продолжат да им наштетуваат на интересите на граѓаните на Тетово, да поттикнуваат омраза и политичка предност, но пилата веќе им заглавила во ноктот, нема да можат.

На крајот ќе ги дадеме и документите на медиумите и ќе ги објавиме во јавноста, за граѓаните јасно да видат како се работи зад грб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42398
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy