Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВОГОДИШНИ БОНУСИ, ВИСОК К15, ДЕЛ ОД ДОБИВКА НА СМЕТКА – која е компанијата што има олку среќни вработени, а има и богати награди за менаџерите
Економија

НОВОГОДИШНИ БОНУСИ, ВИСОК К15, ДЕЛ ОД ДОБИВКА НА СМЕТКА – која е компанијата што има олку среќни вработени, а има и богати награди за менаџерите

30/05/2024

AA

Има сериозни причини зошто голем дел од работната сила во земјава посекува
да работи за моќни и големи компании, и тоа главно поседувани од домашни
сопственици. Тие компании најчесто умеат сериозно да ги ценат и богато да ги наградат
своите вработени, па покрај редовната плата, има и бројни бонуси и други
надоместоци, но и обуки и стручно усовршување и надградување. Се разбира,
награди добиваат и директорите во тие компании, односно членовите на управните
и надзорните одбори, како мотивација за добро постигнатите резултати во
компанијата.

А, кога таквите домашни акционерски друштва овие бенефиции јавно ги
споделуваат со целата јавност преку своите извештаи што ги објавуваат на
Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, тоа е гест за поздравување.

Една од компаниите која
секако важи меѓу најтранспарентните, е нафтената компанија „Макпетрол“, која
преку Берзата го објави годишниот извештај, а кој завчера бил усвоен од Собранието на акционерите.

Од „Макпетрол“ во извештајот изразуваат голема благодарност до вработените,
па затоа и добиле бројни награди.

„Вработените
се најголемата сила и движечка енергија на ‘Макпетрол’ АД. Благодарение на посветената работа на
нашите вработени, деловните активности не беа запрени од предизвиците со кои се
соочивме во 2023 година, во непредвидливо деловно опкружување и економска
криза. Така, 2023 година беше одбележана со значајни деловни резултати
благодарение на вработените кои се истакнаа со својот труд и посветеност,
демонстрирајќи исклучителна работна етика и силна тимска работа во клучните
проекти, додека се справуваа со бројните секојдневни предизвици, со што го
направија нашето Друштво уште поуспешно. Нивната лојалност е основата на
Друштвото на која се гради нашиот бизнис и која во голема мера влијае врз
нашето деловно однесување, организациската структура, менаџментот и сите
поврзани процеси, поради што на своите вработени им обезбедуваме гарантирани
поволности кои произлегуваат од Законот и од Колективниот договор“, се вели во извештајот.

Па така, лани во нафтениот гигант вработените зеле како новогодишен
надоместок сума од по 33.333 денари, плус К 15 по 40.000 денари во бруто износ,
и плус дел од добивката од 2022 година кој се наменил за вработените, а кој
според нашите пресметки изнесува по околу 56 илјади денари во просек по
вработен.

„Во
текот на 2023 година, Друштвото на вработените на име Новогодишен надоместок им
исплати бруто-износ од 33.333 денари по вработен, за што беа вложени 66,1
милиони денари, регрес за годишен одмор во бруто износ од 40.000 денари по
вработен, за што вложи 79,52 милиони денари и дел од добивката по годишната
сметка за 2022 година наменет за вработените во износ од 110 милиони денари“, се вели во извештајот.

Ако „Макпетрол“ во моментов, како што и самата компанија пишува во
извештајот, има 1.967 денари, и ако за сите нив се вкупно исплатени 110 милиони
денари од профитот од 2022 година, тоа значи дека во просек секој вработен зел
по 55.923 денари.

Или вкупно, покрај редовната плата, вработените добиле по безмалчку 130 илјади денари, или над две илјади евра. 

Исто така, по повод
Новогодишните празници, „Макпетрол“ доделиле подароци на 781 дете на вработените, во
вкупен износ од 899 илјади денари.

„Во
согласност со барањата на вработените, Друштвото, во континуитет кој продолжува
и во 2023 година, одобри помош преку донација на парични средства за покривање
на трошоците за лекување и набавка на лекови на нашите вработени, во износ од
3,79 милиони денари“, се вели меѓу
другото во опширниот извештај.

Имало и обуки, курсеви и ротирање на работните места,
професионални програми и друго.

Во извештајот се нагласува и дека друштвото остварува
координативни средби со претставниците на Синдикатот, со цел да се дадат
одговори на конкретни прашања на претставниците на вработените, во врска со
работењето и деловното опкружување. Во синдикатот членуваат 71 отстоод
вкупниот број вработени, кој изнесува 1.967“, се вели во извештајот.

Во овој документ се дадени и примањата на членовите на Управниодт одбор,
односно Андреја Јосифовски, Марија Јосифовска Спасовска, Михајло Борозанов,
Сашко Павловски и Сашо Бошковски.

Лани, како што пишуваат од компанијата, членовите на Управниот одбор
на „Макпетрол“ АД Скопје оствариле нето-примања по основ на плата и надоместоци
на плата, по основ на други права, дел од учество во добивка, како и по основ
на награди во вкупен износ од 63.532.090 денари.

Или, станува збор за сума од 1,033 милиони евра, па ако има 5
члена, излегува дека во просек тие зеле по околу 207 илјади евра, но сигурно
дека таа сума е различна кај различните членови на УО, бидејќи тука станува
збор и за плати и надоместоци, и за дивиденди од акциите, и за награди, и за
други права, а сите овие елементи се разликуваат кај пооделните членови на
Управниот одбор.

А, лани членовите на Надзорниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје,
по основ на награда, оствариле нето-примања во вкупен износ од 2.352.000 денари, или нешто над 38 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy