Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Нова цена на горивата од полноќ
Македонија

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Нова цена на горивата од полноќ

03/08/2023

AA

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 85,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 78 денари. Со одлуката на РКЕ за 1,489 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 45,031 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,323 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 4,575, кај екстра лесното масло за 4,647 и кај мазутот има зголемување за 3,754 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пратениците в среда ќе расправаат за интерпелацијата на Панче Тошковски

22/06/2026
Македонија

Кочанчанец избегал од Државна болница и исчезнал, семејството апелира за

22/06/2026
Македонија

Се финализираат измените на Изборниот законик: Најголем дел од препораките

22/06/2026
Македонија

МВР во превентивна акција низ земјата: Се едуцираат пешаците и

22/06/2026
Македонија

10 пожари низ Македонија, два се се уште активни

22/06/2026
Македонија

СИЛНО НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Град, поројни дождови и засилен ветер

22/06/2026
Македонија

Апликацијата „МојДДВ“ утре привремено недостапна поради техничка надградба

22/06/2026
Македонија

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43882
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пратениците в среда ќе расправаат за интерпелацијата на Панче Тошковски

22/06/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја стави интерпелацијата од „Левица“ на дневен ред. Владината реконструкција во завршна фаза, се чека

Кочанчанец избегал од Државна болница и исчезнал, семејството апелира за помош

22/06/2026

Роднини и пријатели на исчезнатиот Асанов Агуш се веќе на терен во главниот град и го пребаруваат реонот, во координација

Се финализираат измените на Изборниот законик: Најголем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР прифатени со консензус

22/06/2026

Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy