Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новите биогасни централи во Македонија „свртеа“ 7 милиони евра за една година
Економија

Новите биогасни централи во Македонија „свртеа“ 7 милиони евра за една година

26/05/2025

AA

Новите биогасни централи за производство на електрична енергија кои преку цела мината година активно испорачуваат струја за универзалниот снабдувач ЕВН Хоме заработиле вкупно 430 милиони денари, односно нешто повеќе од 7 милиони евра во 2024.

Се работи за четири нови биогасни централи кои од пред околу една година добија лиценци за работа, при што три од нив се на Вардар Био Процес, а четвртатата е на Био Ентерпрајс. 

Наплатата на т.н. премиум тарифи е евидентирана во годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека активно струја од органски отпад  правеле трите биогасни централи во Градско на Вардар Био Процес, чија сопственост е поврзана со бизнисмените Минчо Јорданов и Никола Деребанов преку земјоделскиот комбинат АД Вардар Градско, како и таа на Био Ентерпрајс во Сарамзалино на бизнисмените Кочо Анѓушев, Петар Колевски и браќата Петар и Спасе Спасески.

Вардар Био Процес од трите централи наплатил по околу 1,5 милиони евра, односно вкупно околу 4,5 милиони евра, додека онаа на Био Ентерпрајс му донела на друштвото заработка од 2,5 милиони евра.

Како ова се одразило на финансиското работење на двете друштва? Вардар Био Процес во 2024 заработил речиси 5 милиони евра како претпријатие и добивка од 82.000 евра, при тоа со просечен број на 11 вработени. Био Ентерпрајс има приходи од 3,2 милиони евра, а евидентираната загуба е 685 илјади евра.

Сумата доаѓа од тоа што за овие две компании, како и за сите останати биогасни централи доколку ги има во иднина, наплатата треба да биде 0,18 евроценти по киловатчас. Повластената тарифа е највисока за биогасните централи од сите видови на обновливи извори на енергија и ја плаќаме од сметките за струја како енергија која ЕВН како универзален снабдувач е должен да ја преземе. 

Според проекциите на производство, излегува дека Вардар Био Процес и Био Ентерпрајс речиси направиле максимален учинок во првата година од своето работење. Вардар Био Процес ги пушти во погон централите последователно во јуни, јули и октомври 2023, додека Био Ентерпрајс тоа го направил во ноември истата година. Конечните лиценци за работа двете друштва ги добиле по одреден период од започнувањето со работа.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy