Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новинарката Катерина Цаневска – носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје
Македонија

Новинарката Катерина Цаневска – носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје

05/09/2025

AA

Долгогодишната новинарка и професионалец за односи со јавност, Катерина Цаневска, е изборот на СДСМ за носител на советничката листа за Град Скопје на претстојните локални избори, откри лидерот на партијата Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Според Филипче, СДСМ составил „навистина добра листа“ со докажани професионалци од клучни области за функционирањето на градот, како урбанизам, архитектура и образование.

„За носител на градската листа ја планираме госпоѓата Катерина Цаневска, којашто е искусен човек, новинар со долгогодишно искуство во скопската хроника, искусна во соработката со локалната власт и мислам дека е човек кој што има кредибилитет да излезе пред граѓаните со програмата“, изјави Филипче во интервјуто што интегрално ќе биде објавено утре.

Тој додаде дека се надева оти граѓаните ќе ѝ ја дадат довербата на Цаневска да го предводи тимот кој ќе ја исполни партиската програма, „за Скопје конечно, после 4 години со ВМРО-ДПМНЕ, да заличи на град“.

Катерина Цаневска е добро позната на јавноста како долгогодишна новинарка, најпрво во МРТВ, а потоа и во А1 телевизија. По новинарската кариера, таа работеше во секторот за односи со јавност, најпрво во Општина Центар во времето на градоначалникот Андреј Жерновски, а потоа и во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy