Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Кочани, доделена награда на „Support Kocani“
Македонија

На свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Кочани, доделена награда на „Support Kocani“

05/09/2025

AA

На свечена седница на Советот на Општина Кочани, одржана денеска по повод претстојниот празник 7ми Септември – Денот на ослободувањето на градот, беше доделена наградата за значајни остварувања за развојот на општината.

Оваа година, престижното признание му беше врачено на здружението „Support Kocani“, како признание за нивниот континуиран придонес, хуманитарни акции и вложувања во локалната заедница.

Од „Support Kocani“ изразија огромна благодарност и чест за добиената награда.

„Оваа награда ни дава дополнителна мотивација да останеме посветени на нашите цели и да му помагаме на нашето Кочани. Ви благодариме од срце“, порачаа од здружението по добивањето на признанието.

Наградата традиционално се доделува на поединци, компании или организации кои со својата работа оставиле значаен белег во унапредувањето на животот и развојот на Кочани.

По шест месеци неуморна работа, волонтерите од ‘Супорт Кочани’ велат дека нема да застанат – и покрај заморот, нивната љубов, мотивација и истрајност остануваат силни во борбата Кочани никогаш да не биде заборавено.

-Сакаме да им се заблагодариме на сите хумани луѓе кои покажаа солидарност и емпатија во нашите најтешки моменти. Вие ни дававте сила и храброст сите овие месеци да помагаме на нашите сограѓани. Ние иако уморни, психички и физички, после скоро 6 месеци, сеуште не се откажуваме и напорно работиме.

Супорт Кочани не застанува тука – ние како волонтери со можеби не толку голема енергија, но со иста љубов, мотивација и истрајност ќе продолжиме да работиме и да постоиме.

Како што ветивме од самиот старт -нема да дозволиме Кочани да биде заборавено.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy