
НОВИ МОМЕНТИ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ: Обвинителството најави уште една ексхумација за можниот сериски убиец од Драгоманце
Јавното обвинителство најави проширување на истрагата за шокантниот случај со 25-годишниот Т.Б. од кумановското село Драгоманце, кој е осомничен како можен сериски убиец. На денешниот брифинг со новинарите, надлежните открија дека ќе се бара уште една ексхумација поврзана со убиствата на двете жени во општина Старо Нагоричане.
Случајот кој ја вознемири јавноста добива нова димензија, откако истражните органи утврдиле потреба од дополнителни форензички и медицински вештачења.
