Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ – во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации
Економија

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ – во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

23/05/2025

AA

Телеком преку
Македонската берза ја извести инвеститорската јавност за промени во органите на
управување, одлука која ја донело Собранието на акционери. Имено, отповикани се
дел од неизвршните директори од Одборот на директори, и на нивно место се
именувани нови.

Овие промени,
како што објаснуваат од компанијата во својата објава на Македонската берза, се
направени врз основа на добиените предлози од Владата.

Како што е
познато, Владата поседува 33.364.875 обични акции во
Македонски Телеком, што претставува 34,81 отсто од вкупниот акционерски
капитал.
Овој пакет вклучува и една преференцијална
(златна) акција со номинална вредност од 9.733 денари, која ѝ дава на Владата
едно гласачко право и посебни права согласно Статутот на компанијата.

„Согласно
Законот за трговските друштва и Статутот на Македонски Телеком АД – Скопје, и добиените предлози од Владата
на Република Северна Македонија за отповикување на членови на Одборот на
директори на Друштвото, и за
избор на членови на Одборот на директори на Друштвото, Собранието на Друштвото на својата
годишна седница одржана на 30 мај 2025
година ја донесе следната Предлог Одлука за отповикување и избор на членови на
Одборот на директори на Друштвото.
Имено, Собранието на Друштвото ги отповикува Игор Милев, од позицијата
Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Нина Ангеловска, од
позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Бардул Насуфи, од
позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Шкодране
Дарлишта, од позицијата Независен Неизвршен член на Одборот на директори на
Друштвото, и Аќиф Медиу, од позицијата Независен Неизвршен член на Одборот на
директори на Друштвото. Собранието на Друштвото ги избира Сашо Димитријоски, за
Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Иван Митровски, за
Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Марин Алексов, за
Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Даниела Кржовска, за
Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Нусрет Зиба, за Независен Неизвршен член на
Одборот на директори на Друштвото, и Сеад Арслани, за Независен Неизвршен член на Одборот на
директори на Друштвото. Мандатот на
сите нови членови почнува од 30 мај 2025 година“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

Како што
наведуваат од Македонски телеком, мандатот на избраните членови на
Одборот на директори на Друштвото изнесува четири години, согласно Статутот на Друштвото.

Собранието на Друштвото го овластува Главниот извршен директор
на Друштвото да ги преземе сите неопходни активности за доставување на оваа
Одлука за цели на бришење на отповиканите членови и упис на избраните членови
на Одборот на директори во Трговскиот регистар којшто се води од страна на
Централниот регистар на Република Северна Македонија. Оваа Одлука стапува во
сила со денот на нејзиното донесување.

Објавени се и
биографиите на новите членови на Одборот на директори.

Во периодот од февруари
2016 година, до февруари 2021 година, Сашо Димитријески беше директор на
Агенцијата за електронски комуничации.

Во неговата
биографија е наведено дека Сашо Димитријоски има над 20 години
професионално искуство во областа
на телекомуникациска инфраструктура и електронски комуникации, фокусиран на
поттикнување раст и иновации во Телекомуниацискиот сектор во Македонија.
Активно учество во развој на дигиталната агенда на ЕУ и на дигиталениот пазар.
Уникатен спој на стратешка експертиза во телеком политиките на ЕУ, водење
стратешка трансформација преку интегрирање напредни технологии, менаџирање со
сложени регулаторни средини и развивање деловни модели за поттикнување одржлив
раст.

Овде може
подетално да ги видиме биографиите на новите членови на Одборот на директори на
Телеком.

Според веб
страницата на компанијата, се до донесувањето на оваа одлука, членови на
Одборот на директори биле или сеИгор Милев
неизвршен член и Претседател, Никола
Љушев извршен член и генерален
извршен директор, Данијела Бујиќ, неизвршен член, Диана
Анамариа Варкоњи, неизвршен
член, Лубор Жатко, неизвршен член, Борче Сиљаноски, неизвршен член, Владимир Ивановски, неизвршен член, Нина Ангеловска, неизвршен член, Бардул Насуфи, неизвршен член, Петер Фаил, независен член, Младен
Митиќ, независен член, Шкодране Дарлишта, независен член и Аќиф Медиу, независен
член.

Главниот акционер во Македонски Телеком е Stonebridge
Communications AD Скопје, кој поседува 51
отсто од акциите. Останатите акции се распределени помеѓу
Македонски Телеком АД
, кои ги поседува компанијата во форма на сопствени
акции
и тоа 10 отсто, Сава пензиски
фондови со 0,97
отсто, IFC со 0,76 отсто и други малцински акционери со 2,46 отсто.

Златната акција што ја поседува Владата е непренослива и ѝ
овозможува посебни права, како што се правото на вето во одредени стратешки
одлуки на компанијата, што ја задржува нејзината улога во корпоративното
управување на Македонски Телеком.

Телеком е една од најуспешните македонски компании.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy