
НОВИ ЦЕНИ: Од септември поскапуваат билетите за воз во Србија
Од 1 септември поскапуваат билетите за воз во Србија.
Информацијата ја потврди компанијата „Србијавоз“. Попустот за онлајн-купување билети ќе биде поголем и ќе изнесува 10 проценти, додека патниците кои ќе купат билети во воз ќе плаќаат дополнителен надомест од 500 динари по билет покрај редовната цена, објави Н1 Србија.
Така, билетот за „Соко“ на релација Белград-Нови Сад ќе чини 661 динари доколку се купи преку Интернет или 734 динари ако се купи на билетарница. За повратни билети и во двата случаи ќе важи попуст од 20 проценти.
Од компанијата посочуваат дека значителното зголемување на бројот на патници доведува и до сè почеста појава на патници кои влегуваат во возови без претходно купен билет, и го купуваат од кондуктер, „што дополнително доведува до отежнато управување со капацитетот, создавање гужви и негативен ефект врз удобноста на патниците“.
Во Германија пак месечните билети ќе поскапат во 2025 година.
