Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори
Македонија

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори

29/12/2023

AA

Од вкупно 1144 пријавени кандидати, на 150 професионални војници денеска свечено им беа врачени договорите за работа во редовите на Армијата на Република Македонија.

– На Македонија и требаат храбри, подготвени и одлучни девојки и момци кои секогаш ќе бидат таму каде што е најпотребно, бранејќи ги државните интереси и штитејќи ги НАТО сојузниците, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на свеченото обраќање.

Таа нагласи дека со денешниот настан за прием на новите 150 професионални војници се одбележува и успешно завршената 2023 година на македонската Армија, исполнета со многу успеси на армиските припадници, од учество во вежби, освојување медали, учество во мировни мисии, како и во спасувачки мисии.

– Благодарение на посветеноста, професионалноста, но пред се на љубовта кон татковината и личната пожртвуваност, денеска армијата е модерна, современа армија, во која припадниците не прашуваат зошто и не барата изговори, туку велат веднаш и дејствуваат, истакна министерката.

Таа нагласи дека голема е честа која денеска им е дадена на војниците, да ја облечат армиската униформа, но уште поголема е обврската која ја добиваат.

– Да се биде војник, офицер или подофицер не е лесно и токму затоа ги бираме најдобрите. Патот кој денеска го почнувате не е воопшто лесен, но е благороден. Подгответе се за предизвици, искушенија, пожртвуваност, но никогаш да не се откажете од вашата единствена цел – да и служите на Република Македонија, им порача Петровска на војниците.

Министерката потенцираше дека нивна задача од денеска е да ги почитуваат наредбите на нивните старешини и доследно и без изговори да ги следат правилата и насоките кои ќе им бидат дадени.

– На патот кон успехот не барајте скратени патеки и длабоки сенки. Дадете се од себе и ќе бидете најдобри, истакна Петровска и заедно со началникот на генералштабот, заменик министерот за одбрана, државниот секретар и командамтот на Командата за операции им ги врачија договорите на војниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy