Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НОВАРТИС“ ГО КУПУВА ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЛЕКОВИ ПРОТИВ РАК – аквизиција тешка 2,7 милијарди евра
Економија

„НОВАРТИС“ ГО КУПУВА ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЛЕКОВИ ПРОТИВ РАК – аквизиција тешка 2,7 милијарди евра

09/02/2024

AA

Швајцарската фармацевтска компанија Новартис објави дека ја презема германската фармацевтска компанија MorphoSys, која развива иновативни лекови во областа на онкологијата.

Со аквизицијата вредна 2,7 милијарди евра, Novartis ќе го зајакне развојот на новата генерација методи за лекување на ракот, се вели во соопштението.

Договорот едногласно го одобрија управните одбори на двете компании, а Новартис за преземањето ќе плати 68 евра по акција.

Преземањето сега мора да биде одобрено од акционерите и регулаторните органи, а се очекува да биде завршено во првата половина од годинава.

„Со планираното купување на MorphoSys, сакаме дополнително да го зајакнеме нашето водечко портфолио за онкологија и да ги зголемиме нашите способности и експертиза“, напиша членот на извршниот одбор на Novartis, Шрирам Арадхаје во објавувањето на плановите за аквизиција во понеделникот.

Во Новартис главно се заинтересирани за лекот пелабресиб, кој моментално се уште е во фаза на тестирање. Фармацевтскиот гигант го нарече „потенцијален лек од следната генерација“ за луѓе со миелофиброза, ретка форма на рак на крвта.

Novartis го намали персоналот и трошоците и го прекина својот бизнис со генерички Sandoz минатата година. Во тоа време, оттаму рекоа дека нивната стратегија за спојување била фокусирана на зделки вредни помалку од 5 милијарди долари.

Извор: Бонитет.ком

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пленковиќ и Мицкоски добија признанија за придонес во регионалната бизнис

26/05/2026
Македонија

Важна промена на патарините: Од 15 јуни лентите за MTAG

26/05/2026
Македонија

Ѓорѓиевски започнува теренска посета низ сите скопски општини

26/05/2026
Македонија

Мицкоски: Нема веќе идентитетски отстапки за влез во ЕУ, подготвени

26/05/2026
Македонија

Хорор во Драчево: Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица

26/05/2026
Македонија

Три месеци затвор за брутално претепување на кучето Феликс, соучесникот

26/05/2026
Македонија

Соседите инвестираат во рударство, Македонија го држи „Иловица-Штука“ во место

26/05/2026
Македонија

Мицкоски го пречека Пленковиќ: „Поддршката на патот кон Европската Унија“

26/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43467
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пленковиќ и Мицкоски добија признанија за придонес во регионалната бизнис соработка

26/05/2026

Во рамки на посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Македонија, претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески,

Важна промена на патарините: Од 15 јуни лентите за MTAG наменети исклучиво за електронски тагови

26/05/2026

Известување за корисниците на наплатните станици Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги информира граѓаните за оперативни измени во системот

Ѓорѓиевски започнува теренска посета низ сите скопски општини

26/05/2026

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на голема теренска посета низ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy