Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова бомба: Семејна фирма на Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот!
Македонија

Нова бомба: Семејна фирма на Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот!

06/12/2025

AA

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска ја објави најновата „бомба“, која, како што тврдат, повторно го разобличува криминалниот модел на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните, преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Но, за старата банда тоа не е доволно – ненаситни се, мора да тераат бизнис лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како ‘чисти’?“ изјави Александар Саша Димитријевиќ.

СДСМ тврди дека сите траги водат до Ивица Томовски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

„Не чисти СОЗР – чисти семејната фирма на Томовски. А ‘чистењето’ се мери во милиони евра!“ нагласи Димитријевиќ.

Според објавените податоци, фирмата поврзана со Томовски, која го менувала името но не и матичниот број, од државни институции и општини добила:

5.360.000 евра

161 тендер

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, како што посочи опозицијата, фирмата ја зголемила својата деловна активност за дури 306%, а само во 2025 година склучила 10 нови тендери во вредност од речиси половина милион евра.

„Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно е фамилијарните бизниси да течат,“ додаде Димитријевиќ.

Според најавите, СДСМ во наредните денови ќе продолжи со објавување на нови материјали поврзани со случајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер

07/09/2026
Македонија

Семејна драма во Кавадарци: Со 2,97 промили фрлал предмети и

07/09/2026
Македонија

Моторциклист загина во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка-Куманово

07/09/2026
Македонија

Нова жртва од западнонилска треска: Почина 70-годишен маж од Драчево

07/09/2026
Македонија

Утре е неработен ден, а еве кога следува следниот продолжен

07/09/2026
Македонија

1.500 граѓани се качиле на градскиот воз за една недела

07/09/2026
Македонија

МВР ги откри првите детали за вчерашното убиство во Скопје:

07/09/2026
Македонија

Шампањско од „Метропол“, еуфорија и морници: Горан Михајловски се сеќава

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45513
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер и град

07/09/2026

Стабилното и топло време во текот на претпладневните часови ќе биде проследено со зголемена нестабилност во попладневниот период. УХМР најавува

Семејна драма во Кавадарци: Со 2,97 промили фрлал предмети и се заканувал на сопругата и

07/09/2026

На 07.09.2026 во 01:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Г.(37), постапувајќи по претходна

Моторциклист загина во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка-Куманово

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 13:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на патот Крива Паланка-Куманово, во атар на с.Градец,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy