Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов срам за Работнички: Прекинат меч во „Градски парк“ – прокиснувал кровот (ВИДЕО)
Спорт

Нов срам за Работнички: Прекинат меч во „Градски парк“ – прокиснувал кровот (ВИДЕО)

12/11/2023

AA

Дека салата „Градски парк“ не ги исполнува условите за прволигашка кошарка одамна е познато, поради што првиот тим на Работнички веќе неколку години како домаќин игра во СРЦ „Кале“, но ситуацијата со некогашниот кошаркарски храм е станата срамна бидејќи таму веќе не можат да се играат ниту средби од понизок ранг, особено кога врне дожд.

Поради ужасната состојба со кровот на овој времен објект стар 53 години, денешната средба на вториот тим на центарци против Маџари во склоп на Втората лига беше прекинат по првото полувреме. Паркетот беше прекриен со вирови со вода поради протекувањето од врвот на салата, кои едноставно не можеа да се избришат за кошаркарите да имаат барем минимални услови за игра. Со цел да се избегне некоја повреда, официјалните лица решија да го прекинат дуелот по првите две четвртини при водство на Маџари со 43-26. Ова е само уште еден доказ дека „Градски парк“ треба дефинитивно да замине во пензија, бидејќи ситуацијата е ужасна и во соблекувалните, тоалетите се ужасни, а нив воопшто и ги нема за публиката на трибините.

Секое ново раководство како што доаѓа ветува изградба на нова арена на местото на храмот, некогашниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, дури и промовираше нов проект кој требаше да почне да се гради, но од тоа не излезе ништо. По него дојде Саша Богдановиќ, кој го најавуваше истото, потенцирајќи дека само треба да се реши проблем со сопственоста на земјиштето под салата, што е во судска процедура. Сегашниот градоначалник, Горан Герасимовски, официјално нема дадено ветување за нова сала, но актуелната управа на Работнички летово бомбастично им соопштила на навивачите дека „Градски парк“ ќе добие ново руво достојно за играње дури и на првиот тим, што според денешните снимки, е далеку од реалноста и од вистината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy