Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов кикс на „сините“: Челси може сите играчи да ги купи, ама не може да победи!
Спорт

Нов кикс на „сините“: Челси може сите играчи да ги купи, ама не може да победи!

04/02/2023

AA

Поранешниот англиски и европски првак Челси може сите светски ѕвезди да ги купи, да потроши уште повеќе од 600 милиони евра колку што фрли новиот газда Тед Боели од летово наваму, ама победите во Премиерлигата не може да ги купи, па денеска „сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ повторно разочараа со ремито без голови во градската пресметка со Фулам.

Најскапиот фудбалер во англискиот фудбал Енцо Фернандез дебитираше, од почеток тргна и втората зимска „стотка“ Михајло Мудрик, но четата на Грахам Потер не успеа да даде гол, а имаше само две извонредни шанси. Каи Хаверц пред крајот на полувремето кога погоди дирек и Давид Датро Фофана, кој имаше зицер, но шутот на празната мрежа му го изблокира фудбалер на Фулам за да не даде гол.

Лондонскиот великан има само една победа во последните пет меча, а ова му беше второ реми по ред и со 30 бода се израмни со осмиот Брентфорд, но многу далеку од главната цел местото во ЛШ. Фулам со петтото реми дојде до 32 бода и е шести на табелата.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy