
Нов голем скандал: Тениска ѕвезда обвинета за – семејно насилство!
Манекенката се породила во Германија, но претходно изјавила дека не сака да го одгледа детето заедно со тенисерот, кого го обвини за физичко и психичко малтретирање. Зверев беше под истрага на АТП за семејно насилство врз неговата поранешна девојка Олга Шарипова, но беше ослободен поради „недостаток на докази“.
Иако не се знае за што точно се работи, се вели дека пријавата за ваква наредба значи дека јавниот обвинител има доволно сомнеж за Зверев. Доколку судот одлучи да изрече казна, 26-годишниот ќе има рок од две недели да поднесе жалба на пресудата. Од тимот на Зверев, чиј најдобар пласман на АТП-листата е второто место, а досега има освоено 19 титули на турнирите на кои настапувал, засега немаат коментар за овој случај.