
„Носете доволно кеш и пазете се да не залутате во женскиот тоалет!“
Покрај основните информации, англиските навивачи добија инструкции да си понесат со себе доволно кеш бидејќи на многу места во Македонија не фунционира наплата со картичка.
Тие добија напомена дека женскиот тоалет на стадионот не е јасно означен, па машките навивачи да внимаваат да не го промашат и да влезат кај девојките.
Англиските навивачи добија и информација дека по мечот ќе бидат задржани максимум 30 минути на стадионот во зависност од условите. Ќе добијат инструкции од спикерот кога ќе може да ја напуштат арената.
Сите предупредувања и информации за англиските навивачи можете да ги видите на овој ЛИНК.
