Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Норвешки „Еквинор“ го истисна „Газпром“ и оствари рекордна добивка
Економија

Норвешки „Еквинор“ го истисна „Газпром“ и оствари рекордна добивка

08/02/2023

AA

И норвешкиот гигант за нафта и гас „Еквинор“ ја заврши годината со највисок профит во својата историја. Компанијата, во мнозинска сопственост на норвешката држава, го смени рускиот Газпром како водечки дистрибутер на природен гас во услови на оштетени гасоводи и западните санкции против Русија.
Компанијата најголемиот дел од својот профит го остварува во Норвешка, каде нафтените компании плаќаат даноци по стапка од 78 проценти. Норвешката „Еквинор“ ја затвори 2022 година со најголем профит од своето основање, приклучувајќи им се на голем број компании кои претходно објавија рекордни резултати благодарение на силниот раст на цените на гасот и нафтата, пренесува „Ројтерс“.
Нето добивката на Equinor е 28,7 милијарди долари минатата година и е три пати поголема од 2021 година и највисока од основањето на компанијата. Прилагодената оперативна добивка се удвои во однос на претходната година, скокајќи на рекордни 74,9 милијарди долари. Претходниот рекорд, поставен во 2008 година, изнесуваше 36,2 милијарди долари, а беше поттикнат од рекордната цена на нафтата од Северното Море.
Еквинор лани произведе два отсто помалку нафта и гас отколку во 2021 година, вкупно 2,04 милиони барели нафтена еквивалент на ден, но оваа година очекува производството да се зголеми за три отсто.Производството на гас на полињата во Норвешка се зголеми минатата година за осум отсто, додека производството на нафта се намали за шест отсто, покажува деловниот извештај на Equinor.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy