Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ноќни клубови и кабареа во Охрид и Струга нема да работат ова лето – причината: небезбедни според противпожарните прописи
Македонија

Ноќни клубови и кабареа во Охрид и Струга нема да работат ова лето – причината: небезбедни според противпожарните прописи

22/05/2025

AA

Дел од познатите ноќни клубови и кабареа во Охрид и Струга, каде секое лето се одржуваат бројни концерти, годинава ќе останат затворени. Според телевизија Алфа, сопствениците решиле да се откажат од угостителската дејност бидејќи не можеле да ги покријат трошоците за спроведување на мерките предвидени со правилникот за заштита од пожари.

Вонредните контроли откриле сериозни пропусти: објектите немале автоматски системи за детекција на пожар, вратите за евакуација се отворале на погрешна страна, хидрантската мрежа не функционирала целосно, а ѕидовите биле обложени со лесно запаливи материјали наместо со огноотпорни.

„И ние како институции не сме усогласени, па се случуваат проблеми како овие. На пример, од еколошки аспект, општината им наложила на сопствениците да редат сунѓери за звучна изолација. Но од аспект на безбедност – сунѓерот гори многу брзо. Сега сум во ситуација да ги терам повторно да ги обложат ѕидовите со огноотпорен материјал, како кнауф, затоа што таванот мора да издржи најмалку 30 минути пожар, а ѕидовите два часа“, изјави за телевизија Алфа Сашо Тодороски, инспектор за заштита и спасување.

Слични пропусти биле утврдени во голем број угостителски објекти ширум земјата. За оние што сепак ќе работат оваа сезона, рокот од 30 дена за исполнување на сите плански документи и мерки е веќе започнат.

„Некои објекти што се дел од станбени згради имаат солидна изолација. Но други, што се импровизирани или пренаменети од магацини во дискотеки, воопшто не исполнуваат стандарди. Со регулаторната гилотина се укинаа проверките и се издаваа лиценци без реални инспекции, па се случи ова што се случи. Најитно е повторно да се усогласат законите“, додава Тодороски.

Шест објекти се веќе привремено затворени и добија парични казни. Од Дирекцијата за заштита и спасување за телевизија Алфа велат дека после контролите, свеста кај сопствениците значително се подобрила и уверуваат дека летово сите објекти што ќе работат ќе ги исполнуваат противпожарните стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy