Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ноќна акција на полицијата: Приведени 18 лица низ државата
Македонија

Ноќна акција на полицијата: Приведени 18 лица низ државата

22/02/2026

AA

Во текот на 21/22.02.2026 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, осум возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Едно лице е лишено од слобода за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и по член 383 ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Дополнително, санкционирани се седум возачи за останати сообраќајни прекршоци.

За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.

Исто така во период 21/22.02.2026, на целата територија на државата полициски службеници лишиле од слобода 18 лица, од кои седум поради управување возило без возачка дозвола, седум лица поради управување возило под дејство на алкохол, две лица бидејќи управувале возило по истек на важноста на регистрацијата а исто така и не поседувале возачка дозвола, едно лице кое не поседувало возачка дозвола било и под дејство на алкохол и едно лице кое возело со брзина поголема од дозволената.

Возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и еден малолетник од Тетово биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола, при што малолетникот со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници.

Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија управувал возило со брзина поголема од дозволеното, односно управувал возилото со 203 километри на место каде е дозволено 120. Возачи од Гостивар и Скопје управувале возило без возачка дозвола а исто така и важноста на регистрацијата на возилата им била истечена, додека возач од Македонски брод кој управувал без возачка дозвола бил и под дејство на алкохол.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на сите граѓани. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот

22/02/2026
Македонија

МВР за пожарот во Струмица: Две возила опожарени – се

22/02/2026
Македонија

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на

22/02/2026
Македонија

Пожар избувна во куќа во Битола

22/02/2026
Македонија

ДУШАН АДАМОВИЌ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ДА БИДЕ КОНЗУЛ Од ВМРО-ДПМНЕ

22/02/2026
Македонија

Ноќна акција на полицијата: Приведени 18 лица низ државата

22/02/2026
Македонија

Товарно возило удри во пешак во Струга, 70-годишна жена почина

22/02/2026
Македонија

Финансиска претпазливост: Што треба да знаете пред да земете брз

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41775
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот ветер

22/02/2026

ЈСП Скопје информира дека Жичница на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер кој ги надминува дозволените безбедносни граници за

МВР за пожарот во Струмица: Две возила опожарени – се преземаат мерки за расчистување на

22/02/2026

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на поранешен полициски инспектор

22/02/2026

Синоќа во Струмица гореле два автомобила паркирани едно до друго. Полицијата соопшти дека прво  било опожарено патничко возило „ланд ровер”

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy