Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИСКОБУЏЕТНИОТ РАЈАНЕР ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА НАД 40 ОТСТО: Бројот на патници не се намали, очекуваат и повеќе
Економија

НИСКОБУЏЕТНИОТ РАЈАНЕР ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА НАД 40 ОТСТО: Бројот на патници не се намали, очекуваат и повеќе

24/07/2023

AA

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair денеска објави
скок на приходите во првиот деловен квартал благодарение на силната побарувачка
и повисоките цени, посочувајќи дека патниците не се повлекле од топлотниот бран
во Европа.

Во тримесечниот период до крајот на јуни, добивката по
оданочување е речиси четири пати поголема од истиот период лани и скокна на 663
милиони евра.

За 42 отсто повисока просечна цена на билетите

Приходите скокнаа за 40 отсто, на 2,6 милијарди евра, со 42
отсто повисока просечна цена на билетите и 11 отсто повеќе превезени патници.

Компанијата ја нагласува и ниската споредбена база во 2022
година, кога на резултатите влијаеше влегувањето на руските вооружени сили во
Украина.

Финансискиот директор Нил Сорахан рече дека патниците не
резервираат за поладна клима или откажуваат летови поради топлотниот бран во
Европа.

Пониски цени во зима

Кон крајот на јуни и почетокот на јули, цените за билетите
резервирани поблиску до датумот на поаѓање малку ослабнаа, а главниот извршен
директор Мајкл О’Лири рече дека ќе мора да ја стимулира побарувачката со
пониски цени оваа зима, бидејќи ќе треба да пополни 25 отсто повеќе места
отколку во 2019 година.

„Загрижени сме поради влијанието на макроекономските
движења. Инфлацијата, повисоките каматни стапки, поскапите хипотеки би можеле
да влијаат на личната потрошувачка во втората половина од годината“, објасни
О’Лири.

Ова на крајот би било добро за Рајанер бидејќи луѓето сепак
ќе патуваат, но ќе бидат почувствителни на цените, додаде тој.

Очекуваат скромен
пораст на добивката на ниво на годината

Во Ryanair и натаму се внимателни оптимисти и очекуваат
скромен раст на профитот во целата деловна година, додавајќи дека во ноември ќе
објават поконкретни насоки.

Тие во моментов очекуваат да превезат околу 183,5 милиони
патници во деловната година што завршува во март 2024 година, девет проценти
повеќе отколку во 2022/2023 година, што е малку намалување на нивната проценка
поради доцнењето на испораките на авионите на Боинг.

ФОТО: EPA/STRINGER

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45051
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку историскиот „Француски пат“

16/08/2026

Големо Езеро на Баба Планина ќе добие директна патна врска со преспанското село Брајчино преку реконструкција и ставање во функција

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy