Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски: Со историски најголемиот капитален проект во водоснабдувањето вреден над 100 милиони евра, градиме нови четири системи за наводнување на нови 13.650 хектари земјоделско земјиште
Македонија

Николовски: Со историски најголемиот капитален проект во водоснабдувањето вреден над 100 милиони евра, градиме нови четири системи за наводнување на нови 13.650 хектари земјоделско земјиште

18/01/2024

AA

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, заедно со извршниот директор на ЦЕС, д-р Карл Филип Хигин, го потпиша Договорот за имплементација на четирите системи за наводнување по долината на реката Вардар како дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија. Историски проект во водоснабдувањето вреден над 100 милиони евра, кој обезбедува наводнување на нови 13.650 хектари земјоделско земјиште.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски:

„Наводнувањето на земјоделското земјиште е главниот основ за квалитетно домашно земјоделство. Нема квалитетен род, без наводнување. Токму затоа наводнувањето е еден од клучните сектори во рамките на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како министерство и Влада, постојано сите овие години, посветено работиме во модернизирање на националниот систем за наводнување на земјоделското земјиште. Градејќи нови и реконструирајќи ги постојните системи за наводнување на земјоделското земјиште.

Чест ми е што денес имам можност да потпишеме нов договор за консултантски услуги, преку кој започнуваме со реализација на нови четири значајни капитални инвестиции во водоснабдувањето, обезбедувајќи сигурно наводнување за нови 13.650 хектари земјоделско земјиште.

Важна и историски, до сега, најголема капитална инвестиција во водоснабдувањето вредна над 100 милиони евра.

Овие четири системи за наводнување се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар.

Станува збор за Хидросистем „Лисиче“, систем кој ги опфаќа земјоделците од општините Велес и Чашка и би обезбедил наводнување за 3.650 хектари земјоделско земјиште.

Потоа Хидросистем „Пепелиште“, кој ги опфаќа земјоделците од општните Неготино и Демир Капија, со наводнување на површини од 3.000 хектари.

Третиот важен проект е Хидросистем „Страиште“, кој ја опфаќа општина Валандово наводнувајќи земјоделска површина од 1.500 хектари.

Четвртиот проект е Хидросистем „Конско“ кој опфаќа наводнување на 5.500 хекатари земјоделско земјиште од општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Вредноста на договорот кој денес го потпишуваме изнесува 9,1 милиони евра и опфаќа подготовка на главни проекти за изградба на четирите проекти, подготовка на документација и распишување на постапка за изградба, надзор и имплементација на подготвените проекти за изградба на проектите.

За сите овие четири проекти веќе се изработени посебни Физибилити студии и Проценка на еколошкото и социјалното влијание со што изводливоста и одржливоста на истите е потврдена.

Согласно истражувањата за изводливост и одржливост, претпоставениот буџет за Консултантот за имплементација на овие четири капитални проекти изнесува 1,73 милиони евра за хидро-системот „Страиште“, 3,5 милиони евра за хидро-системот „Лисиче“, 1,92 милиони евра за хидро-системот „Пепелиште“ и 4,0 милиони евра за хидро-системот „Конско“.

За реализација на овие проетки подготвен и усвоен од Владата е Акциски план за спроведување на Програмата за наводнување на Северна Македонија. Со овој план се предвидуваат сите активности за проектирање, подготовка на документацијата и изградбата на сите четири системи за наводнување да бидат завршени во рок од 60 месеци од денот на вовеведувањето во работа на консултантот за имплементацијата, со гарантен период од 12 месеци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy