Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николов: Пациентите со малигни заболувања во Болницата во Битола трета недела се без терапија
Македонија

Николов: Пациентите со малигни заболувања во Болницата во Битола трета недела се без терапија

11/12/2023

AA

Владата на СДСМ и ДУИ и Министерството за здравство не само што не ги решаваат проблемите на пациентите, туку и дополнително активно работат на нивното продлабочување.

Не само што нема системско решение за континуирано обезбедување на терапија за болните од малигни заболувања гледаме дека истите овие ликови 7 години не мрднаа со прст за ветувањето за дисперзија во лекувањето на пациенти со малигни заболувања и не воспоставија услови со кадар и опрема.
Со тоа, остана нереализирано и ова ветување како и низа други ветувања.
И на крај за да биде иронијата поголема, истите овие ликови држат партиски трибини за здравство како на пример онаа партиската трибина на СДСМ во Битола и во Штип кои се еклатантен пример за негрижа и нерешавање проблемите, туку нивно создавање.

Денеска гледаме дека партиската трибина посветена на здравјето во Битола не ги реши проблемите на онколошките пациенти, па така да согласно информациите кои ги добиваме од пациентите во онколошкиот оддел на оваа Клиничка болница трета недела по ред нема:

1.Tаблети Letrozole при што се кумулира голем број на пациенти што се на листа на чекање.
2.Понатаму, втора недела нема и Oxaliplatin, две недели го нема лекот Zoladex.
Пациентите кои се обратија до Комисијата за здравство реагираат и за недостиг на основни информации во однос на тоа кога ќе се набават овие лекови, единствено добиваат одговор дека ќе бидат контактирани и дека се ставени на листа на чекање.

Токму дисперзија на лекувањето на малигни заболувања требаше да биде во Битола  со оглед дека таму има акцелератор – радиотерапевтски апарат кој не работи 7 години и фаќа прашина. Во Клиничките болници во Штип и во Тетово иако има специјалисти радиотерапевти онколози, сепак  истите овие партиски функционери без срам денес се појавуваат на партиски трибини за здравство во овие градови, без да ги исполнат ветувањата и без да преземат системски мерки за една од најранливите категории пациенти, а тоа се малигните заболувања.

Почитувани,

Партиските трибини за здравство кои се без отчет што е сработено не кажуваат, поминаа, проблемите на пациентите останаа и се продлабочија, а решенија нема, ниту пак се на повидок.

Нема отчет зошто нема работа и не постои трибина со која СДС ќе ја покрие својата неспособност и лагите на овие партиски функционери заради кои клиничките болници во Битола и Штип се на колена.

Ова е одлика на владеењето на оваа Влада која пред да замине во неповрат го остави битолското здравство со недостиг од 100 здравствени работници, функционирање на оддели под знак на прашалник, а во Штип каде исто така помина партискиот караван без отчет и без одговори нема одговор зошто најважниот капитален проект – нова Клиничка болница во Штип остана неизградена. Заради не работа, системски пропусти, лаги и манипулации време е владата на СДСМ и ДУИ да замине час поскоро.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy