
Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја „среди“ државава за 6 месеци до 1 година
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски порача дека доколку опозицијата дојде на власт ќе ја „среди“ државата за помалку од една година.
„Македонија може да почне преговори со ЕУ без уставни измени затоа што средена Македонија внатре ќе биде сериозен притисок врз Бугарија да се откаже од максималистичките барања кои ги има. Несредена и ваква Македонија значи прифаќање на бугарските барања. За 6 месеци до 1 година државата може лесно да се среди, сите знаеме каде се дувлата на корупцијата“, изјави Николоски за Сител.