Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски в четврток во Лондон: Ќе го потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Македонија

Николоски в четврток во Лондон: Ќе го потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

20/05/2025

AA

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната пресконференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, делегација предводена од вицепремиерот Николоски ќе биде потпишан во Лондон.

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:

“Една од одлуките на седница е Владата на Република Македонија да го прифати Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетето Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно Договорот Влада со Влада.

Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.

Првичната група на проекти се веќе споменати во јавноста во делот на здрaвството и во делот на транспортот. Исто така многу значајно за мене е да се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од Обединетото Кралство но и од владините агенции.

Ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство. Оваа соработка ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји. Учесниците ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструмнтот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Нагласувам ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти. Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме.

Она што сум горд е што добивме и официјална покана од Владата на Обединетото Кралство и покана до мене, за да се потпише овој Договор Влада со Влада на 22 мај, тоа е овој четврток и можам да Ве информирам дека Владата ме овласти да го потпишам овој договор. Ќе предводам владина делегација која што покрај мене, ќе бидат и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, понатму министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски и останати соработници и мислам дека ќе имаме два плодни дена за соработка. Утре имаме средби со министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство и министерот за одбрана, имаме и средби со претставници од Инструментот за финансирање. Во четврток е главната церемонија, а исто така во четврток ќе имам средба и со директорот на Рајанер од каде што очекувам да произлезат и нови летови кон Скопје.

Сметам дека се работи за историски момент, за датум кој ќе остане во аналите на македонската историја, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен дооговр кој Македонија го постигнала со било која држава.

Тоа не е било која држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД”- истакна вицепремиерот Николоски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy