Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никола Рибароски, ре-избран за претсседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи
Економија

Никола Рибароски, ре-избран за претсседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи

13/05/2025

AA

На редовното годишно Собрание на Коморатa на друштва за геодетски работи, одржано на 08.05.2025 год., Никола
Рибароски беше ре-избран за претседател на Комората, а беше избран и
старо-новиот состав на УО.

На одржаното собрание, свое поздравно обраќање имаше и претседателот на
Стопанската Комората на РСМ, г-дин Азески, а беа доделени и признанија за
посебна заслуга во унапредување на професијата и дејноста на Гордан Бошковски
од Прилеп, прв Претседател на Комората и на Драган Петрески од Скопје.

„Со огромно мнозинство на гласови, колегите дадоа поддршка и ја изгласаа програмата
за работа на Комората во периодот 2025-2029. Тое е развојна програма која
претставува надградба и проширување на се досега сработено со развојна
компонента која предвидува пред се заштита но и поддршка на приватните
гоедетски компании.Тоа е програма која ќе покрене иницијатива за реформирање на
постојниот катастарски систем, преку изработка на целосно нови предлог –
Законски решенија, бидејќи актуелните се застарени и не одговараат на новите
времиња и новите предизвици кои доаѓаат со развојот на техниката и
технологијата. Исто така програмата предвидува поддршка и едукација на младите
стручни лица, прдлабочување, проширување и воспоставување на нови соработки со
различни сродни организации од дома и надвор и како никогаш досега афирмација
на струката и дејноста преку промоција на правата на сопствениците , потребата
од обнова на премерот за катастарски потреби, 3Д Катастар, масовна проценка на
недвижности, примена на БИМ технологијата и 
консолидација на земјоделско земјиште и урбаното земјиште.

Секако програмата предвидува конкретен и фер план, како да се возобнови
или да се воспостави нова искрена соработка со Агенцијата за катастар на недвижности
и како да се надминат недоразбирањето и непосакуваните ситуации, предизвикани
од мешањето во независноста на Комората.

Изразувам жалење што и покрај упатената покана за присуство на
Собранието на Комората, директорот на Агенцијата не се оѕва
и не појави. Одговорот на ова покана, беше уште еден показател дека се нема
намера да бидат почитувани одредбите од актите на Комората, а со тоа и
независноста на Комората. Исто така со жалење морам да констатирам дека
Агенцијата не почитува Судски одлуки и Одлуки на Централниот регистар, а
наместо тоа врши своеволно тумачење на законските одредби.

Во секој случај, Комората ќе делува во позитивна насока со цел
воспоставување на комуникација и соработка помеѓу двете нај сродни институции
(Комората и Агенцијата), а искрено се надеваме дека ваквата инцијатива ќе биде
препознаена од надлежните државни институции“, изјави Рибароски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy