
НЕЗАПАМЕТЕНА СОСТОЈБА НА МЕЧОТ ЗА ТРОФЕЈ: Познатиот судија ги шокираше сите, никој не знаеше ШТО СЕ СЛУЧУВА додека не го направи ова!
Еден од најпознатите тениски судии Мохамед Лајани ги изненади сите присутни за време на финалето на турнирот во Хамбург.
Александар Зверев ја оправда улогата на фаворит и во два сета го совлада Ласло Џере, а на натпреварот за трофејот на турнирот во категоријата 500 е забележана несекојдневна ситуација.
При резултат 7:5, 4:1 за Германецот, шведскиот судија побара медицински тајм-аут. Отпрвин никој не разбрал што се случува, а потоа Лајани се симнал од столот и му се обратил на докторот.
Тогаш стана јасно дека тој е оној на кој му треба помош, а не еден од тенисерите.
Лајани го соблече десниот чевел, а по се изгледа имаше проблем со плускавец поради што му беше сменет фластерот.
Medical Timeout For…Mo? 🤔#Hamburgopen pic.twitter.com/rT9hYyD8jR
— Tennis TV (@TennisTV) July 30, 2023

