НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?
Се намалила невработеноста кај јужниот сосед. Невработеноста во Грција е најниска во последните 15 години.
Сезонски приспособената стапка на невработеност се намали од 10,3 отсто во мај на 9,6 отсто во јуни. Бројот на невработени во Грција се намалил за 30.600 на 456.700 месечно, а вработеноста се зголемила за 41.200 на 4,29 милиони, пренесе „Мина“.
Бројот на луѓе помлади од 75 години кои не учествуваат на пазарот на трудот, односно не работат и не бараат работа, се намалил за 12.800 на 3,02 милиони месечно.
foto freepik.com